Инспиративни цитати за поубав почеток на денот
Има денови кога не можеме ништо да направиме или сме разочарани, па потребна ни е барем некоја позитивна и инспиративна мисла која ќе нè натера да размислиме и да се инспирираме за да направиме нешто ново.
- Изгледајте толку среќни, што кога ќе ве погледнат другите и тие ќе станат исто толку среќни.
- Всушност, ние никогаш не пораснуваме вистински, само учиме како да глумиме во јавност.
- Најсреќните луѓе го немаат најдоброто од сè, туку тие го прават најдоброто од сè што имаат.
- Понекогаш мислиш дека сакаш да исчезнеш, но она што вистински го посакуваш е да бидеш пронајден.
- За 20 години повеќе ќе бидеш разочаран од она што не си го направил, отколку од она што си го направил.
- Бродот е најбезбеден на пристаништето, но бродовите не се направени за тоа.
- Зборувај ја вистината, дури и кога ти трепери гласот.
- Барем еднаш во годината оди на место каде што не си бил претходно.
- Потсети се себеси дека е во ред да не бидеш совршен.
- Што те запира? - Точно така, ништо.
- Искористи ја шансата. Кажи ја вистината. Оди на состанок со тотално погрешна личност за тебе. Кажи НЕ. Потроши ги сите пари. Запознај се со некој случаен минувач. Биди спонтан. Кажи „Те сакам“. Пеј гласно. Смеј се на глупави шеги. Испплачи се. Извини се. Кажи некому колку ти значи. Кажи некому што мислиш. Смеј се додека не те заболи стомакот. Живеј го животот. Не жали за ништо.
- Држи се подалеку од луѓето кои ги уништуваат твоите амбиции. Малите луѓе секогаш го прават тоа, но вистински големите луѓе прават да се чувствуваш дека и ти исто така можеш да станеш толку голем.
- Ризично е да се сака. Што ако не успее? А што ако успее?
- Не се откажувај. Почетокот е секогаш најтежок.
- Чудовиштата се вистински и духовите исто така. Тие живеат во нас и понекогаш нè победуваат.
- Никогаш не страдај поради тоа кој си, само затоа што некој друг има проблем со тоа.
- Смеј се секогаш кога можеш. Тоа е евтин лек.
- Ниту дрогата, ниту алкохолот не се главната причина за болестите во општеството. Ако го бараме изворот на нашите проблеми, не треба да ги тестираме луѓето со дрога, туку треба да ја испитуваме нивната глупавост, игнорирање, алчност и желбата за моќ.
- Понекогаш мислам дека сродна душа е оној кој ќе направи да бидеш најмногу она што си.
- Веројатно имагинацијата е само интелигентен начин да се забавуваш.
- Кога треба да направиш некоја тешка одлука, фрлај паричка. Зошто? - Бидејќи додека паричката е во воздухот...наеднаш дознаваш на што се надеваш дека ќе се покаже.
- Осудувањето на луѓето не ги опишува какви се тие, туку каков си ти.
- Само прави го тоа што го сакаш, заборави на сè друго.
- Извинувањето не значи секогаш дека ти грешиш, а другиот е во право. Тоа само значи дека ти повеќе ја цениш вашата врска, отколку своето его.
- Сè што ни треба се неколку добри пријатели и песна што ќе ја пееме.
- Ако сакаш да ги оствариш своите соништа, првото нешто што треба да го направиш е да се разбудиш.