16 детски лекции за среќата
Понекогаш знаат да расипат многу нешта, да поставуваат повеќе прашања од дозволеното, да измислуваат приказни во кои и тие самите веруваат... Но, на крај не би ги менувале за ништо, па затоа можеме барем да се обидеме да научиме нешто од нив.
Ова се лекциите кои секојдневно треба да ги следите:
1. Ги следат своите инстинкти. Малите дечиња не мислат премногу на другите пред да донесат некоја одлука. Попрво ќе го поминат времето во барање совршена чашка за сок, отколку да размислуваат на празно.
2. Живеат во сегашноста. За нив постои само сегашноста. Не живеат во минатото и не се грижат премногу за иднината, освен ако не сте им рекле дека е време за спиење.
3. Веруваат. Тие безрезервно веруваат дури и во добрите вили, Дедо Мраз и моќта на фластерот.
4. Создаат. Најмладите секогаш обликуваат, цртаат, сликаат, сечат... Зошто и вие да не создадете нешто ново, нешто свое?
5. Играат и танцуваат. Сте слушнале за изразот “играјте како никој да не ве гледа”? Тие тоа го применуваат, секојдневно.
6. Пеат кога и да можат. И тоа пеат било каде. Понекогаш помага повеќе отколку што мислите, посебно кога сте сами и исплашени.
7. Го кажуваат само она што го мислат. Никогаш ништо не знаат да сокријат, а понекогаш и искрено не сакаат.
8. Знаат како да се восхитат себеси! Тие знаат како е да бидеш восхитен, возбуден од работите кои те прават среќен.
9. Не се грижат дали нешто е ново или старо. Детските цртани кои се прегледани преку 15 пати се секогаш омилените. Книгите кои се прочитани повеќе пати се секогаш оние кои повторно ги сакаат. Додека возрасните се опседнати со нови нешта...
10. Знаат да застанат за момент и да го вдишат цветот со полни гради.
11. Не дискриминираат. Сè додека не ги научите поразлично, тие ќе прифатат било што.
12. Признаваат кога се исплашени. И понекогаш решенијата се многу едноставни - доволна е подотворената врата или запалената ламба.
13. Прифаќаат комплименти. Кога ќе ги пофалите најверојатно ќе добиете едно искрено “фала” а понекогаш и “да, знам.”
14. Знаат да се одморат. Можеби откако ќе ги натерате да си легнат ќе бидат лути, но утрото кога ќе станат ќе бидат свежи и благодарни на секоја минута сон.
15. Рано заспиваат. Не секогаш по свој избор, но знаат да го почитуваат правилото.
16. Се движат по ритамот на сопствените отчукувања. Воопшто не им е грижа дали звукот на тапанот по кој маршираат му пречи на некој друг, сè додека тие се среќни!