Детски дефиниции за љубовта - 2 дел
Една група стручни лица им го поставила прашањето „Што е љубов?“ на група деца од 4 до 8 годишна возраст. Одговорите кои ги добиле, биле многу подлабоки од она што можеле да замислат. Доколку го имате пропуштено првиот дел, прочитајте го тука.
„Кога баба ми доби артритис, таа не можеше да се превиткува за да си ги налакира ноктите на нозете. Тогаш мојот дедо почна да ја лакира. Го правеше тоа цело време, па дури и кога неговите раце добија артритис. Тоа е љубов!“ – Ребека 8 год.
„Љубов е кога на некој ќе му дозволиш да изеде голем дел од твоите пржени компирчиња, иако ти многу сакаш помфрит“ – Криси 6 год.
„Љубов е кога некој може да ве насмее и кога сте уморни“ – Тери 4 год.
„Љубов е кога мама прави кафе за тато и зема голтка пред да му го даде за да се увери дека е вкусно“ – Дени 7 год.
„Љубов е кога мајка ми и татко ми се бакнуваат долго и потоа се уморни, ама бидејќи сè уште сакаат да се заедно зборуваат за морето“ – Емили 8 год.
„Љубов е она девојче кое е со вас во собата за Божиќ и заради кое отворањето на подароците може да почека“ – Боби 7 год.
„Љубов е кога на некое момче ќе му кажете дека му е убава кошулата и потоа тој ја носи секој ден“ – Ноел 7 год.
„Љубов е кога мама му го дава на тато најубавото парче месо“ – Елејн 5 год.
„Љубов е кога мама го гледа тато испотен и валкан и му вели дека е позгоден од Роберт Ретфорд “ – Крис 7 год.
„Љубов е кога мама го гледа тато на WC школката и не мисли дека тоа е одвратно“ – Марк 6 год.