За соновите
Соновите и нивното значење отсекогаш ги фасцинирале луѓето. Некои сметаат дека тие се само рефлексија на она низ кое поминуваме во текот на деновите или работите за кои размислуваме, некои пак велат дека соновите се неповрзани слики кои нашата фантазија ги продуцира без никаква смисла и логика, додека некои сметаат дека соновите можат да ја предвидат и иднината.
За сега, никој научно не успеал да ги докаже овие тврдења, но овие факти точно се познати:
1. Просечна должина на сонот е од 5 до 30 минути.
2. Сонуваме на секои 90 минути
3. 33% од соновите прикажуваат несреќи
4. 25% се одвиваат на познати места
5. 50% во друштвените интеракции во соновите сме агресивни
6. 95% до 99% од соновите ги забораваме