Утро е! Станувај!
Токму кога ќе се наместите како што треба, кога ќе се стуткате во ќебето и меката перница, алармот ви го попречува сонот. И, вашето нервозно утро повторно започнува. Токму ова се најтажните, но и највистинити 9 проблеми во раните утрински часови.
1. Будењето рано наутро е како да играш игра на нивото експерт.
2. Наутро, и покрај тоа што сте маж кој може да крене тег од 100 килограми, ќебето е невозможно за подигање.
3. Снуз копчето воедно е и најдоброто и најлошото нешто некогаш измислено.
4. Темните кругови околу очите се првиот знак дека утрата ти се удираат право во лице.
5. Наутро, постои огромна разлика помеѓу 7 часот и 7 часот и 5 минути.
6. Кога сте возбудени за денот кој ве очекува, автоматски го уништувате со тоа што претходната вечер не успеавте да склопите око.
7. Заспивањето ви трае половина час навечер, а само половина секунда наутро.
8. Откажувањето на час, предавање или состанок во 8 часот наутро може да биде најубавиот подарок кој некогаш сте го добиле.
9. „Утре ќе станам порано за да имам попродуктивен ден“ реченицата наутро никогаш не изгледа како најдобра идеја.