7 анонимни цитати
Во животот постојано учиме. Од книги, од пријатели, од родителите, од колегите...но, некои мисли едноставно ни остануваат врежани во меморијата.
Ова се 7 мисли од анонимци кои ги одвоивме затоа што сметаме дека вредат да се споделат:
1. Кога ќе успееш во животот, твоите пријатели ќе знаат кој си, но кога ќе паднеш, ти ќе знаеш кои се твои пријатели.
2. Не треба да дозволите понекогаш да се сетат на вас. Треба да се потрудите никогаш да не ве заборават.
3. Понекогаш нема да ја знаете вистинската вредност на моментот, сè додека тој не стане спомен.
4. Кога чесен човек ќе открие дека погрешил, или ќе престане да греши, или ќе престане да биде чесен.
5. Да се преплива пустината е подвиг. Но, залуден! Пливај онаму каде што му е место на пливањето.
6. Немој да обвинуваш никого во својот живот. Добрите луѓе ти носат среќа. Лошите – искуство. Најлошите – лекција, а најдобрите – спомени.
7. Наменето за понежниот пол: Кога и да видиш маж кој го посакуваш, сети се на следното: Без оглед на тоа колку е убав, добар и забавен, духовит, талентиран или моќен... некаде седи некоја жена и пие шампањ затоа што се ослободила од него!