Слатки маки
Слатки маки се оние моменти кога не ти се допаѓа ситуацијата во која се наоѓаш, но знаеш дека всушност ти е ептен добро (иако можеби не си свесен).
Еве неколку типични примери:
- Кога мораш да го исчистиш хаосот после добра журка, а не ти е тешко затоа што си си поминал топ со пријателите.
- Кога облеката ти станува малку тесна, но не ти пречи затоа што имаш што да јадеш.
- Кога те следи сенката додека работиш, но не ти пречи затоа што надвор е сончево.
- Кога наоѓаш паркинг место на самиот крај на паркингот, но не се жалиш затоа што можеш да одиш.
- Кога мораш да ги исчистиш прозорците, да го избришеш подот и да пеглаш алишта, но не ти пречи затоа што имаш покрив над глава.
- Кога добиваш голема сметка за греење, но не се жалиш затоа што ти е топло.
- Кога наутро ќе те разбуди проклетиот будилник, но не се жалиш затоа што си жив.
Уживајте во слатките маки!