Шеговити мудрости
Ептен ни прават мерак оние мудри изреки кои сакале да веруваме или не, најголем дел се и навистина вистинити и не соочуваат со реалноста. За денес...
...одбравме неколку кои веруваме дека ќе ве насмеат и замислат.
- Деца: Ги трошиш првите две години од нивниот живот учејќи ги да одат и зборуваат. Потоа ги трошиш следните 16 велејќи им да седнат и да замолчат. – Непознат
- Зошто жените десет години се трудат да ги променат навиките на мажот, а потоа кукаат како тоа не е мажот за кој се омажиле? – Барбара Стрејсенд
- Го замолив Бога да ми даде велосипед, но знам дека Бог така не функционира. Затоа украдов велосипед па го замолив да ми ги прости гревовите. – Непознат
- Луѓето кои мислат дека знаат сè живо многу нè замараат нас кои знаеме сè! – Исак Асимов
- Кога би се сложил со тебе, тогаш и двајцата нема да бидеме во право. – Непознат
- Вечерните вести се оние кои ти велат „добро вечер“, а остатокот го трошат за да ти покажат зошто не е добра вечерта. – Непознат
- Живееме во време во кое пицата стигнува на домашна адреса побрзо од полицијата. – Непознат
- Ако посветено работите 8 часа на ден може ќе доживеете да станете шеф и да работите 12 часа дневно. – Роберт Фрост
- Мажите имаат две емоции: гладен и напален. Ако го видите без ерекција, направете му сендвич. – Непознат.