Има биполарно нарушување, 2 пати заврши во затвор: Факти за скандалозниот син на Томи Хилфигер
Не му одеше најдобро со музичката кариера
И покрај соработката со ѕвезди како Канје Вест и The Weeknd, музичката кариера на Ричард како постојано да стои во место.
Голем удел во ова има и фактот што татко му е моќна личност, па многумина мислат дека само пробува да си ја купи кариерата, без да покаже некаков талент.
Кога, пак, беше критикуван, возвраќаше остро, неретко и со пцости и навреди, а ова воопшто не му помогна да напредне.
Беше во врска со Рита Ора
Во 2014 година, Ричард почна врска со Рита Ора, а тој период се огласи негова бивша девојка која кажа сè најлошо за раперот.
„Рики е чудна личност – затворен е и најмногу сака да пуши марихуана и да пие пиво. Опседнат е со секс и само сака богата девојка за да не мора да работи и да може да патува со приватни авиони.
Ричард е лош дечко за Рита, но и за која било девојка. Би ја предупредила да внимава“.
Околу шест месеци подоцна, се јавија гласини дека се разделиле, а подоцна извор близок до нив ги потврди вестите.
Иако изворот тврдеше дека раскинале поради многуте работни обврски, некои велат дека Рита постојано флертувала со други мажи и раскинале поради тоа.
Неуспешно пробуваше да се пробие и во модната индустрија
Во 2016 година, Ричард одлучи да ги следи стапките на татко му, па лансира своја модна линија.
Но, и покрај влијанието на татко му во светот на модата, брендот не постигна некој значаен успех.
Низ годините, имаше и други судири со законот и проблеми со зависност
Раперот вели дека рехабилитацијата му создала повеќе проблеми отколку што му помогнала.
„Од центарот за рехабилитација ме ослободија условно – цела година, трипати неделно ми ја тестираа урината за марихуана.
Па, тогаш почнав да користам други работи, како лекови и алкохол, иако претходно никогаш не го правев тоа. Кога се будев наутро, најпрво пиев пиво за да се смирам, а немав ни 21 година“, има изјавено Ричард.
Тој вели дека почнал да пие и седативи и опијати кои не му биле препишани. Но, тврди дека успеал да се ослободи од овие пороци.
Сепак, уште се соочуваше со проблематично однесување – во 2015 година нападнал маж од обезбедување откако не му дозволил да влезе во ноќен клуб во Флорида.
Бил уапсен и се соочил со неколку обвиненија, вклучувајќи и поседување дрога.
Но, татко му повторно го искористил своето влијание, па јавноста дозна за инцидентот многу подоцна.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





