„Вистинскиот лекар не само што лекува, туку и дава надеж“ и уште 10 цитати за докторите (кои ни се спас во овој мрак)
Во мигот кога Македонија ја потресе една од најголемите трагедии досега, а повеќе од 100 млади лица се бореа и уште се борат за својот живот, докторите ги облекоа своите мантили, се појавија на работа и не ни помислуваа за враќање дома. Тие се нашите херои од реалноста!
Македонија ги живее најтешките денови, а единствена светла точка периодов ни се нашите херои во бели мантили, кои го даваат и последниот атом сила од себе за да ги спасат повредените во пожарот во Кочани.
Докторите и медицинските лица работат и по две смени, се појавуваат на работа и во слободните денови и се трудат до исцрпеност да дадат сѐ од себе за да ги спасат овие млади луѓе, кои се борат за својот живот.
Во име на славење на нашите доктори, споделуваме неколку цитати за нив:
„Да бидеш лекар не е само професија, тоа е повик да му служиш на човештвото“.
„Најголемата награда за еден лекар не се парите, туку благодарноста во очите на пациентот“.
„Вистинскиот лекар не само што лекува тело, туку и дава надеж“.
„Да се биде лекар значи да се има привилегијата да го допреш животот на луѓето во нивните најтешки моменти“.
„Трпението и разбирањето на еден доктор се подеднакво важни како и неговото знаење“.
„Некои херои носат бели мантили и стетоскопи“.
„Докторите се ангели без крилја кои секој ден спасуваат животи“.
„Најголемото оружје на секој лекар е љубовта кон луѓето“.
И уште неколку цитати од доктори...
„Секогаш им велам на моите пациенти никогаш да не заборават дека ние докторите имаме можност да направиме повеќе добро за еден ден, отколку што повеќето луѓе прават за еден месец“.
„И покрај сите тешкотии и пречки за да се практикува медицината, јас сепак би го избрал истото повторно. Навистина вреди!“
„Вие, идни лекари, сте на пат кон неверојатен, наградувачки и возбудлив живот“.
С. С. | Црнобело
фото: CRNOBELO.com - генерирано со AI
Би можело да ве интересира:





