Сакал да се прејадува, одбивал анестезија за операција: Факти за Марлон Брандo, најчудниот холивудски актер
На Марлон Брандо не му недостасувале луди идеи и еднаш изразил желба да користи електрични јагули како извор на струја во неговиот дом. Дури купил и базен во кој планирал да ги чува јагулите, но на крај се откажал од идејата.
Марлон Брандо се смета за најдобриот актер на 20-тиот век и во долгогодишната кариера се закитил со бројни награди, вклучувајќи Оскар, BAFTA, Златен Глобус и Еми.
Своето филмско деби го имаше во 1950 година, со улогата во The Men, а стекна светска слава благодарение на популарната гангстерска трилогија The Godfather.
Скоро секој негов лик стануваше поп-икона, што значи Брандо беше и доста влијателна славна личност.
Сепак, актерот бил познат и како мошне чудна личност во Холивуд.
Неколку факти за Марлон Брандо што сигурно не сте ги знаеле:
Бил избркан од средно
Брандо бил бунтовник уште во тинејџерските години, а во средно бил избркан бидејќи возел мотор низ училишниот хол.
Не сакал да ги учи своите реплики за филмови
Режисерите имале сериозен проблем со Брандо бидејќи бил одличен актер, но генерално одбивал да ги учи репликите.
Поради ова, барал низ целиот сет да бидат излепени листови на кои се напишани репликите, па тој ги читал додека траело снимањето.
На фотката подолу се гледаат неговите реплики залепени на колега за време на снимањето на The Godfather.
Можеби најголем проблем имал режисерот Френсис Форд Копола за време на снимањето на Apocalypse Now.
Брандо не само што не ги научил репликите, туку не ги ни читал од листовите на сетот, па голем дел од работите што ги кажува се негова импровизација.
Имал чудна смисла за хумор
Во својата автобиографија, Брандо има напишано:
„Отсекогаш ми било забавно да измислувам луди и бизарни приказни за мене за да видам дали луѓето ќе поверуваат во нив“.
За американски медиум, тој има изјавено дека бил роден во Тајланд, а за друг рекол дека е роден во Кина.
Има изјавено и дека бил роден во Калкута бидејќи татко му бил на геолошко истражување таму.
Секако, ништо од ова не е точно – актерот е роден во Небраска, САД.
Но, во ерата кога не постоел интернет, никој не можел да провери со сигурност, па многумина верувале во неговите лажни приказни.
Сакал да се прејадува
Марлон Брандо имал навистина чуден однос со храната – некој период јадел огромни количини храна и се прејадувал, а потоа извесен период држел строга диета и не јадел скоро ништо.
Кога бил во фаза на прејадување, неговата сопруга морала да му стави и катанец на фрижидерот бидејќи воопшто немал контрола.
Низ годините, многу негови колеги имаат потврдено дека Брандо имал бизарни навики за јадење.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





