Го обвини за силување, па се премисли: Факти за бракот (и скапиот развод) на Доналд и Ивана Трамп
Се разведоа поради аферата на Доналд
Парот беше во брак 12 години, а се разделија откако Ивана дозна дека Доналд имал афера со Марла Мејплс – жената која подоцна ќе му стане втора сопруга.
Во својата биографија, Ивана го има опишано моментот кога ја сретнала Марла.
Со Доналд биле на семејно патување во Аспен, кога Марла почнала разговор со Ивана:
„Една русокоса жена ми пријде и ми рече ’Јас сум Марла и го сакам твојот сопруг. Дали и ти го сакаш?‘
Ѝ реков да ме остави на мир и дека го сакам мојот сопруг“, пишува Ивана.
Иако Ивана пробала да го завршат одморот без проблеми, во себе знаела дека на нивниот брак му дошол крајот.
И, во 1990-та поднела барање за развод.
Судската битка за разводот траеше две години
Наводно, во предбрачниот договор Ивана се согласила дека во случај на развод, од Доналд ќе добие 25 милиони долари.
Но, поради нејзиниот удел во империјата на Доналд, адвокатот ја советувал да се бори за поголема сума.
За време на судењето кое траело две години, биле изнесени и разни обвиненија против Доналд – на пример, дека бил суров кон Ивана.
На крај, Ивана доби 14 милиони од Доналд, но истовремено доби една од нивните куќи, како и апартман во Trump Tower.
Разводот привлекуваше многу внимание во јавност и Ивана има изјавено дека секојпат кога ќе го вклучела телевизорот, го слушала нејзиното име.
Сепак, и покрај целата драма, тие се согласиле на заедничко старателство и по финализирањето на разводот имаа релативно добар однос.
Ивана го обвини Доналд и за силување
Додека траеше разводот, Ивана го обвини Доналд и за силување.
Според неа, инцидентот се случил во 1989 година.
„Јас и господин Трамп имавме односи за време на кои тој се однесуваше многу поразлично. Како жена, се чувствував злоупотребено.
Јас тоа го нарекувам силување, но не сакам моите зборови да бидат интерпретирани буквално или во криминална смисла“.
Бидејќи изјавата е малку двосмислена, Доналд не беше обвинет за силување.
А, многу години подоцна, во 2015-та, Ивана и како да се премисли за изјавата:
„Неодамна налетав на моја изјава од пред 30 години, во напнат период додека траеше мојот развод од Доналд. Таа приказна не е точна.
Јас и Доналд сме многу добри пријатели и заедно ги воспитавме нашите три деца на коишто сум многу горда“.
Ивана го поддржа Доналд во претседателската трка
Кога Доналд Трамп првпат се кандидира за претседател на САД, Ивана јавно ја сподели нејзината поддршка.
„Сите мои пријатели ќе гласаат за него. Мислам дека ќе победи.
Доналд е оптимист и мислам дека ќе биде одличен претседател, и тоа не бидејќи сум му поранешна сопруга“, изјави таа пред изборите.
Останаа блиски до крајот на нејзиниот живот
Ивана и Доналд го задржаа пријателскиот однос сè до нејзината смрт во 2022-ра.
Доналд присуствуваше на погребот, заедно со децата, па и Меланија.
Тој се огласи и на Твитер:
„Многу тажен ден, но истовремено и прослава за прекрасен и убав живот“.
Прочитајте и: Беше во брак со 24 години помлад маж, му помогна на Трамп да ја изгради империјата – Факти за Ивана Трамп која почина на 73 години
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





