Најпопуларните цитати на Лагерфелд
Креативниот директор на модната куќа Шанел, безвременскиот и генијален Карл Лагерфелд, познат е по своите коментари. Во поново...
... време е актуелен и на Твитер.
Во стилот на Лагерфелд, може да се насмееме:
- Не знам која е Хајди Клум. Никогаш не била позната во Франција. Ниту Клаудија Шифер знае која е Хајди Клум.
- Јас сум движечки „лабел“. Моето име е Лабелфелд, не Лагерфелд.
- Не сакам да глумам. Мојот живот ионака е пантомима.
- Нормалните луѓе мислат дека сум луд.
- Јас всушност имам две куќи. Едната е за спиење, а другата е на два метра од оваа и служи за состаноци.
- Тренерките се знак на предавање. Си изгубил/а контрола над животот, па си купил/а тренерки.
- Имав едно грозно интервју до одвратна грда новинарка. Беше тоа недела дена по паѓање на комунизмот. Носеше полу проѕирен жолт џемпер. Имаше огромни гради и црн градник. Ми рече да ги тргнам наочарите затоа што сум бил непристоен. Јас и одговорив: Дали јас од тебе побарав да го соблечеш градникот?