Бил опседнат со смртта, на 28 години загина на филмски сет – Факти за Брендон, синот на Брус Ли
На снимањето имало низа инциденти пред смртта на Брендон
Брендон Ли загина застрелан во последните денови од снимањето. Но, дотогаш филмската екипа се соочила со бројни други инциденти.
Всушност, имало толку многу несреќи, што оние кои работеле на филмот почнале да веруваат дека целата продукција е проколната.
Уште на првиот ден на снимањето, маж бил удрен од струја по што добил тешки изгореници и закрепнувал повеќе од една година.
Истиот ден, друг маж имал сообраќајка, а избувнал и пожар во камион со опрема.
Додека траело снимањето имало и неколку конфликти меѓу членовите на филмската екипа, неколку сетови биле уништени од бура, а еден работник сериозни си ја повредил дланката со шрафцигер.
Многу грешки довеле до смртта на Брендон Ли
Денес на филмските сетови се преземаат драстични мерки за безбедност кога се користи оружје.
Иако и пред 30 години, додека се снимал The Crow, имало низа безбедносни протоколи, не биле следени многу строго.
Дента пред Брендон да биде застрелан, режисерот снимал сцена на која се гледа пиштол вперен кон камерата.
Но, бидејќи низ цевката влегувала светлина и на снимката било очигледно дека пиштолот е празен, режисерот решил внатре да стави лажен куршум.
Следниот ден, се користел истиот пиштол за снимање на сцената со Брендон Ли.
Но, бидејќи не провериле дека во пиштолот има лажен куршум, ставиле уште еден.
Па, кога бил истрелан, едниот лажен куршум го потиснал другиот кој бил во цевката, па дел од него завршил во Брендон.
Не требало да се стрела директно во Брендон
Друг пропуст во целата трагедија било тоа што актерот кој ракувал со пиштолот не требало да стрела кон Брендон, туку до него.
По стрелањето, Брендон требало да падне кон напред, но бидејќи бил погоден од куршум, паднал наназад.
Кога режисерот извикал да се прекине со снимање, а Брендон не се поместил, на почетокот мислеле дека се шегува или уште глуми.
Но, кога забележале дека дише тешко и нема свест, веднаш повикале болничар.
Најпрво помислиле дека си ја удрил главата бидејќи никој не очекувал да биде застрелан, а и немало видливо крвавење.
Болничарот му го проверил пулсот кој најпрво бил нормален, па драстично се намалил.
Брендон веднаш бил однесен во болница и по 6-часовна операција, бил прогласен за мртов.
Мајка му поднесе тужба
Како причина за смртта беше наведено убиство од небрежност.
Но, мајката на актерот, Линда, сепак поднесе тужба против целата продукција.
Два месеца подоцна беше направена спогодба, но деталите не се познати за јавноста.
Спирова С. | Црнобело