Биле популарни како филмски ѕвезди, имале многу девојки: Како навистина изгледал животот на гладијаторите?
Не сите гладијатори биле робови и многумина своеволно се бореле. Оние најдобрите, пак, стекнувале статус на ѕвезда и имале бројни обожавателки.
Деновиве актуелно е второто продолжение на Gladiator и иако овој пат не го гледаме Расел Кроу, филмот може да се пофали со одлична актерска екипа – Пол Мескал, Дензел Вашингтон, Педро Паскал…
Дејството на второто продолжение се фокусира на синот на Максимус (Расел Кроу) кој исто како татко му треба да влезе во арената.
Некои ликови во филмот се инспирирани од вистински личност, заедно со неколку детали од животот на гладијаторите.
Сепак, и покрај популарноста, филмовите не ја претставуваат целата реалност за животот на овие воини од минатото.
Неколку факти за вистинските гладијатори:
Некои гладијатори не биле робови
Првите гладијатори навистина биле поробени луѓе присилени да се борат едни со други.
Тие најчесто биле во сопственост на богати луѓе, за кои гладијаторските борби биле вид разонода, а се сметале за најдолниот слој во општеството.
Сепак, по некое време почнале да се појавуваат и волонтери, односно луѓе кои своеволно влегувале во борбената арена, некогаш за пари, а некогаш за слава.
Овие гладијатори или биле очајни луѓе кои немале како да заработат пари или, пак, искусни војници кои сакале да станат богати и славни.
Некогаш гладијатори станувале и витези и богаташи кои сакале да ја покажат својата способност за борење.
Се верува дека гладијаторските борби најпрво се изведувале за време на погреби
Според некои наоди, историчарите веруваат дека првите гладијаторски борби се одржувале за време на погреби на богати луѓе.
Семејството на починатиот му оддавало почит така што организирало борба со робови кои доста често морале да одглумат и дел од неговиот живот.
Се претпоставува дека борбите ги прославил Јулиј Цезар, кој организирал битка помеѓу стотина гладијатори, во чест на неговите татко и сестра кои биле починати.
Оттогаш, властите почнале да ги организираат гладијаторските борби како јавни настани.
Не секогаш се бореле до смрт
Скоро сите ги поврзуваме гладијаторите со борење до смрт, но ова правило не важело секогаш.
Некои гладијатори биле искусни воини кои им носеле пари на оние што ги организираат борбите.
Па, се избегнувало непотребното убивање.
Некогаш тие се воздржувале и да не се повредат многу едни со други, за да можат да продолжат да се борат.