Бил насилен алкохоличар, се дружел со мафијаши, организирал оргии – Бурниот живот на Френк Синатра
Веќе следната година пејачот се венчал со Ава Гарднер а нивниот брак бил ништо помалку од бурен – и двајцата пиеле многу, а имале и проблем со темпераментот.
Синатра бил и многу љубоморен, па често почнувал тепачки поради Ава.
Ава двапати останала бремена од пејачот и двапати абортирала, а во 1954 година поднела барање за развод.
Синатра се венчал уште двапати, а си продолжил и со аферите. Имено, тој ги изневерувал сопругите и со ѕвезди како Џуди Гарланд и Мерилин Монро.
Покрај Ава и Ненси, тој бил во брак и со Миа Фароу и Барбара Синатра.
Последната сопруга, Барбара, останала со него до неговата смрт во 1998 година.
Покрај бурниот љубовен живот, Синатра бил вмешан и со италијанската мафија, иако долго време го негирал ова.
Дедото на пејачот потекнувал од Сицилија, односно „срцето на италијанската мафија“, па неговото семејство имало врски со криминалот уште пред Синатра да се роди.
Пејачот редовно се дружел со други гангстери, а еднаш организирал и оргија за нив која, според изворите траела 24 часа.
Имено, прославата била по повод успешен шверц на 2 милиони долари од страна на Синатра за моќен член на италијанската мафија.
Постојат и други гласини за слични забави организирани од Синатра на кои честопати присуствувале италијански мафијаши.
За вклученоста на пејачот во мафијата била отворена и истрага, додека некои извори тврдат дека токму врските со криминалците му помогнале да стане ѕвезда.
Во една пригода, Синатра и речиси бил убиен од мафијата.
Имено, на поглаварот на моќна италијанска мафија не му се допаѓало што Синатра предизвикувал тепачки.
Тој сметал дека со тоа го оцрнува и мафијашкото семејство.
Па, го затворил во подрум и му се заканувал дека ќе го убие.
Ова, наводно, малку го смирило пејачот.
Френк Синатра починал во 1998-ма, на 82-годишна возраст од инфаркт. Дотогаш, неговата пејачка кариера била завршена поради проблеми со гласните жици.
Но, зад себе остави богатство од неколку стотици милиони долари и песни кои одбележаа цела ера.
Спирова С. | Црнобело