Тврдеше дека принцезата Дијана е бремена од син му Доди: Факти за милијардерот Мохамед ал Фајед

Се верува дека Мохамед ал Фајед ги запознал принцезата Дијана и син му Доди бидејќи сакал да му се доближи на кралското семејство, но безуспешно. Тврдеше и дека Дијана била бремена од неговиот син.

tvrdeshe-deka-princezata-dijana-i-sin-mu-dodi-se-ubieni-od-kralskoto-semejstvo-fakti-za-milijarderot-mohamed-al-fajed-01.jpg

Ако не ви е познато името Мохамед ал Фајед, тогаш сигурно сте слушнале за неговиот син Доди.

Доди е милијардерот со кого принцезата Дијана беше во врска по разводот со кралот Чарлс, како и личноста која загина со неа во сообраќајната несреќа во 1997 година.

Татко му Мохамед, кој почина во август 2023-та, беше познат бизнисмен од Египет, како и сопственик на трговскиот центар Harrods во Лондон и луксузниот хотел Риц во Париз.

tvrdeshe-deka-princezata-dijana-i-sin-mu-dodi-se-ubieni-od-kralskoto-semejstvo-fakti-za-milijarderot-mohamed-al-fajed-4.JPG

Доколку сте ја гледале серијата The Crown, тогаш знаете и дека Мохамед бил вљубен во Обединетото Кралство и правел сè во негова моќ за да добие државјанство, но и да му се приближи на кралското семејство.

Тој бил и мошне добар пријател со принцезата Дијана.

Она што го гледаме во серијата не е далеку од реалноста, а и Мохамед бил навистина чуден и контроверзен лик.

Неколку факти за животот на Мохамед ал Фајед:

Криеше детали од неговото детство

Милијардерот честопати има зборувано за неговото детство, но проблемот е што секојпат кажуваше различни работи.

Што значи, не знаеме ништо конкретно.

Во 1985 година, тој изјавил дека потекнувал од богато семејство кое имало плантажи со памук.

Но, оваа приказна се покажала како неточна.

Според понови информации, од 2023-та, неговиот татко бил наставник во Египет, а имал и четири браќа и сестри.

Сепак, и ова не е целосно потврдено, па неговото детство останува мистерија.

Не е познато ниту која година е роден – самиот тврдеше дека е роден во 1933 година, но според некои официјални извори, роден е во 1929-та.

tvrdeshe-deka-princezata-dijana-i-sin-mu-dodi-se-ubieni-od-kralskoto-semejstvo-fakti-za-milijarderot-mohamed-al-fajed-05.JPG

Го доби синот Доди со првата сопруга

Во 1954 година, Мохамед се венчал со Самира Кашоги и набрзо потоа го добиле Доди.

Мохамед и сопругата биле заедно само две години, а по разводот милијардерот добил целосно старателство над син им Доди.

Сепак, Доди постојано бил во контакт со мајка му.

„Беше целосно посветен на мајка му Самира и секој ден ѝ се јавуваше, каде и да беше. Зборуваа по цел час“, има изјавено пријател на Доди.

tvrdeshe-deka-princezata-dijana-i-sin-mu-dodi-se-ubieni-od-kralskoto-semejstvo-fakti-za-milijarderot-mohamed-al-fajed-04.JPG

Се преселил во Англија во 1970-тите

Кратко откако се преселил во Англија, Мохамед почнал да се дружи со тамошните богати и моќни луѓе.

За да си ја цементира репутацијата, во 1979-та го купил хотелот Риц во Париз за 20 милиони долари, а потрошил и 50 милиони за да го реновира.

Во 1980-тите, тој купи 51% од акциите за луксузниот трговски центар Harrods во Лондон.

Денес во трговскиот има статуа во чест на син му Доди и принцезата Дијана.

tvrdeshe-deka-princezata-dijana-i-sin-mu-dodi-se-ubieni-od-kralskoto-semejstvo-fakti-za-milijarderot-mohamed-al-fajed-03.JPG

Се претпоставува дека тој ги зближил принцезата Дијана и син му Доди

Не е познато како точно се запознале Доди и Дијана, но факт е дека Мохамед ја познавал принцезата уште пред нејзиниот развод.

Тие станале добри пријатели, а Мохамед ја гледал како „пропусница“ до кралското семејство.

Во 1997 година, по разводот со Чарлс, Мохамед ја поканил Дијана со Вилијам и Хари на неговата јахта.

Според гласните, Мохамед го оркестрирал целото крстарење само за да ги запознае Доди и Дијана.

И, тогаш Доди бил свршен со друга жена, но Мохамед сакал син му да се венча со принцеза.

Ако ништо друго, успеал да ја растури свршувачката на син му и да го поттикне да почне врска со Дијана.

tvrdeshe-deka-princezata-dijana-i-sin-mu-dodi-se-ubieni-od-kralskoto-semejstvo-fakti-za-milijarderot-mohamed-al-fajed-02.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Спасил над 1.000 Евреи, умрел во сиромаштија: Вистинската приказна за Оскар Шиндлер (и неговата лист... Користејќи ги своето влијание и своето богатство, Оскар Шиндлер спасил над 1.000...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg