Пораснал во религиозно семејство, не сакал да стане славен – Факти за Хозиер
Неговата менаџерка го открила додека бил средношколец
Хозиер ја запознал својата менаџерка додека бил во средно.
Имено, негов соученик го слушнал како пее, па веднаш кажал на мајка му, односно сегашната менаџерка на Хозиер.
Подоцна, таа го слушнала како пее на училиштен концерт и веднаш му понудила соработка.
За него, менаџерката има изјавено дека е најталентираниот, но и најскромниот музичар што го знае.
Детството не му било најлесно
Иако музичарот вели дека има прекрасни родители, порано имале сериозни финансиски проблеми.
Татко му бил музичар, но по операција на ’рбетот, бил во инвалидска количка и морал да се пензионира.
„Беше многу тешко – немавме пари. Мајка ми некако успеваше да се грижи за целото семејство“, има изјавено пејачот.
Денес татко му е во подобра состојба.
Ја напуштил црквата на родителите бидејќи не му се допаѓале верувањата
Хозиер пораснал во религиозно семејство, но подоцна одлучил да се дистанцира од црквата.
Имено, не му се допаѓале верувањата бидејќи биле премногу осудувачки.
„Не е изненадувачки тоа што ми пречи што религијата се меша во секој аспект од животот“, има изјавено тој.
Всушност, и песната Take Мe to Church е критика на Хозиер за црквата, па кога излезе, и покрај тоа што беше хит, многумина ја сметаа за контроверзна.
Се откажал од факултет за музичката кариера
Хозиер се запишал на музички факултет во Даблин, но се откажал по само една година.
Има изјавено дека воопшто не му се допаѓал пристапот кон музиката што го имале професорите.
„Научив многу додека бев на факултет и на почетокот бев сигурен дека ќе дипломирам.
Секако дека бев тажен кога се отпишав, но дефинитивно не жалам за одлуката“.
Спирова С. | Црнобело