Бил жртва на булинг, се самоубил по смртта на мајка му – Факти за дизајнерот Александар Меквин

Важеше за „хулиган во британскиот моден свет“. Го дотерувал сите, а самиот одел облечен во искината облека и гордо зборувал за скромното потекло од семејство на таксист и учителка. Се самоубил само една недела по смртта на мајка му – Што знаеме за Александар Меквин?

bil-zhrtva-na-buling-se-samoubil-po-smrtta-na-majka-mu-fakti-za-dizajnerot-aleksandar-mekvin-01.jpg

Дури и оние што не знаат премногу за светот на модата, барем еднаш во животот слушнале за Александар Меквин, еден од најпознатите британски модни дизајнери, чиешто име стои на еден од најпознатите светски модни брендови.

Моделите на оваа модна куќа се поим за елеганција, па воопшто не е ни чудо што принцезата од Велс, за своите појавувања бирала модели со нивен потпис, а неодамна и Јелена Ѓоковиќ блесна во бела креација со истиот потпис.

View this post on Instagram

A post shared by Vogue Adria (@vogue.adria)

Но, што знаеме за основачот на оваа модна куќа? Кој бил Александар Меквин?

Ли Александар Меквин бил роден во 1969-та година, како едно од петте деца на Роналд и Џојс Меквин. Татко му бил таксист, а мајка му била учителка по општествени науки. 

Уште како многу мал, Александар почнал да се декларира како хомосексуалец, заради што постојано бил жртва на булинг и врсничко насилство.

bil-zhrtva-na-buling-se-samoubil-po-smrtta-na-majka-mu-fakti-za-dizajnerot-aleksandar-mekvin-02.jpg

На 16 години, Александар се откажал од образованието и почнал да работи во Savile Row во Лондон. Станува збор за позната улица каде има голем број кројачи кои изработувале машки костуми.

По ова почнал да работи на изработка на театарски костими, што подоцна ќе се одрази и врз неговата работа како дизајнер.

bil-zhrtva-na-buling-se-samoubil-po-smrtta-na-majka-mu-fakti-za-dizajnerot-aleksandar-mekvin-04.jpg

Накратко одлучил да замине во Милано, каде работел како асистент на дизајнерот Ромео Гигли, а по ова се вратил во Лондон, каде завршил колеџ за уметност и дизајн. Во 1992-ра година отворил своја компанија.

Уште со првите колекции, Меквин започнал наместо етикети на облеката да пришива прамени од сопствената коса во пластична фолија.

bil-zhrtva-na-buling-se-samoubil-po-smrtta-na-majka-mu-fakti-za-dizajnerot-aleksandar-mekvin-20_2_copy.jpg

Неговата прва колекција Taxi Driver била инспирирана од истоимениот филм на Мартин Скорсезе, а интересно е тоа што заради неговото невнимание ниту едно парче од облеката не е зачувано.

Тој по завршувањето на ревијата, ја собрал облеката во црни вреќи и излегол да оди во клубови за да прослави. Ги оставил вреќите зад еден клуб, а кога се вратил веќе ги немало.

bil-zhrtva-na-buling-se-samoubil-po-smrtta-na-majka-mu-fakti-za-dizajnerot-aleksandar-mekvin-06.jpg

Во 1994-та година во геј бар го запознал неговиот партнер Ендрју Гроувс, а само неколку дена подоцна тие почнале да живеат заедно. Гроувс исто така биl дизајнер, а Александар веднаш го вработил во неговата компанија.

bil-zhrtva-na-buling-se-samoubil-po-smrtta-na-majka-mu-fakti-za-dizajnerot-aleksandar-mekvin-15.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg