Имала деформиран роднина кој го затвориле во зандана: Трагедиите на семејството на мајката на кралицата Елизабета

Постојат гласини дека роднина на кралицата-мајка се родил толку деформиран, што бил затворен во зандана, а нејзиното семејство лажело дека е мртов. Мрачни и тажни факти за семејството на мајката на покојната кралица Елизабета.

imala-deformiran-rodnina-koj-go-zatvorile-vo-zandana-tragediite-na-semejstvoto-na-kralicata-majka-01.jpg

Мајката на кралицата Елизабета, која ја носеше титулата кралица-мајка, беше еден од најпочитуваните членови на кралското семејство.

Во својот живот видела и претрпела многу, а наводно била и мошне ладнокрвна личност.

Елизабета била сопруга на кралот Џорџ VI, а нејзините родители биле благородници – татко ѝ бил Клод Боус-Лион, кој ја носел титулата ерл (earl).

Имала толку големо влијание, што дури и Хитлер ја нарекол „најопасната жена во Европа“.

Но, иако можеби уживала во раскош и почит од сите, мајката-кралица, односно Елизабета, доживеала и многу трагедии.

Всушност, се чини целото нејзино семејство трпело само трагедии.

Тажни детали за семејството на кралицата-мајка:

Се верува дека нејзиното семејство е проколнато

Многумина веруваат дека семејството на кралица-мајка го следи клетва повеќе од 200 години.

Покрај многуте трагедии од минатото, дури и наследникот на татко ѝ, односно сегашниот ерл, беше во затвор за сексуален напад.

Истовремено, одземена му е возачката дозвола поради возење под дејство на алкохол.

imala-deformiran-rodnina-koj-go-zatvorile-vo-zandana-tragediite-na-semejstvoto-na-kralicata-majka-002.jpgДел од семејството на кралицата-мајка

Сестра ѝ починала на 11 години

Елизабета била едно од десетте деца на ерлот Клод.

Нејзината најстара сестра, Вајолет, починала на само 11 години, од дифтерија.

Дифтеријата е заразна болест предизвикана од бактерија, а тој период медицината не била доволно напредната за девојчето да биде спасено.

imala-deformiran-rodnina-koj-go-zatvorile-vo-zandana-tragediite-na-semejstvoto-na-kralicata-majka-03.jpg

Изгубила и тројца браќа

Едниот од браќата на Елизабета, Александар, загинал на 24-годишна возраст на мошне бизарен начин. Имено, бил удрен по главата со топче за крикет.

Друг брат на кралицата-мајка загинал во Првата светска војна на само 26 години.

Елизабета изгубила и уште еден брат, Џок, кој починал кога имал 40-тина години од заболување на белите дробови.

imala-deformiran-rodnina-koj-go-zatvorile-vo-zandana-tragediite-na-semejstvoto-na-kralicata-majka-04.jpg

Се верува дека имала деформиран роднина

За семејството на кралицата-мајка постои навистина чудна приказна.

Наводно, детето кое требало да биде 12-тиот ерл починало на истиот ден кога било родено, на 18-ти октомври 1821 година.

Но, постојат гласини дека тој воопшто не починал, туку бил заклучен во зандана во замокот на семејството бидејќи бил деформиран.

Според кажувањата на локалците кои се пренесувале со генерации, детето било толку деформирано што го нарекувале „половина маж, половина жаба“.

Наводно, духот на роднината на Елизабета уште живеел во замокот на нејзиното семејство, а занданата во којашто бил затворен сега била заѕидана за да се скрие од јавноста.

imala-deformiran-rodnina-koj-go-zatvorile-vo-zandana-tragediite-na-semejstvoto-na-kralicata-majka-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg