Хитлер ја нарекол „најопасната жена во Европа“ – мрачни факти за Елизабета, кралицата-мајка
Кралицата Елизабета, или по титула кралицата-мајка, му беше сопруга на кралот Џорџ, но и мајка на сегашниот владетел која го носи нејзиното име – кралицата Елизабета Втора. Таа преживеала две светски војни, многу кралски скандали и го доживеала и владеењето на Џорџ, и владеењето на ќерка ѝ Елизабета Втора, која денес уште е на тронот.
Оваа жена била навистина неверојатна личност, а како и секој, и таа си имала некои тајни, кои многумина не ги очекуваат.
Во продолжение погледнете неколку мрачни факти за кралицата-мајка:
Била разгалено и алчно дете
Елизабета имала 9 браќа и сестри, а бидејќи се родени во кралско семејство, сите биле многу разгалени. Ова, се разбира, имало и последици, па Елизабета станала навистина непослушно и алчно дете. Според изворите, во детството му праќала телеграми на татко ѝ барајќи му да ѝ испрати повеќе пари.
Претрпела загуби во Првата светска војна
Елизабета имала околу 14 години кога почнала Првата светска војна и ги почувствувала нејзините ужаси на своја кожа. Од нејзините браќа, дури четворица биле во војната и едниот од нив загинал. Две години подоцна, другиот брат станал воен затвореник.
Воопшто не ја сакала кралската титула
На Елизабета ѝ било страв од тоа нејзиниот сопруг да го наследи престолот, најмногу бидејќи не сакала да си ја изгуби слободата. Таа изјавила дека тогаш нема да може да размислува, ниту да чувствува како што сака.
Неколкупати го одбивала принцот Алберт (Џорџ)
Кога Алберт првпат ја побарал раката на Елизабета, таа одбила, а истото го направила и кога ја прашал вторпат. За тој период од нејзиниот живот има и гласини дека таа се гледала со други мажи и наводно, овие афери предизвикувале многу конфликти во семејството.
Кога Алберт третпат ја побарал за жена, Елизабета конечно прифатила. Три години после венчавката, таа ја родила сегашната кралица Елизабета Втора, а четири години подоцна и принцезата Маргарет.
Ја мразела Волис Симпсон
Само неколку месеци откако Едвард (братот на нејзиниот сопруг) стана крал на Англија, тој се откажа од титулата за да може да се венча со Волис Симпсон. Поради ова, сопругот на Елизабета седна на тронот, а таа стана кралица. Тогаш принцот Алберт си го промени и името, па денес го знаеме како кралот Џорџ Шести.
Елизабета била многу гневна поради ова и отворено ја мразела Волис.
Била перфекционист, а ова ѝ предизвикувало проблеми
За време на Втората светска војна, Елизабета ги посетувала местата во Лондон кои биле уништени од бомбардирање. Но, бидејќи секогаш сакала да изгледа совршено, на овие посети ја носела нејзината најдобра облека. Нормално, овој гест ја разгневил јавноста, па толпите народ почнале да ја нарекуваат со погрдни имиња.
Уште почудно во целата ситуација е што нејзе не ѝ било јасно зошто се гневни.
Хитлер бил исплашен од неа
Адолф Хитлер бил толку заплашен од популарноста на Елизабета низ Англија, што дури ја нарекол „најопасната жена во Европа“.