Непотребни факти 3
Еве и трет дел од апсолутно непотребни факти кои најверојатно никогаш не би ве ни интересирале :-) но, имате шанса да научите нешто повеќе...
1. Прв пар кој е прикажан на телевизиските екрани во кревет: Фред и Вилма Флинстон.
2. Површина која е покриена со дива природа во Африка изнесува 28%, а во Северна Америка 38%.
3. Ако Барби имаше човечка големина нејзините пропорции би биле 39-23-33.
4. Ако помножите 111.111.111 со 111.111.111, ќе добиете 12.345.678.987.654.321.
5. I am. е најкратка реченица во англискиот јазик.
6. Што е заедничко за панцирот, излезот во случај на пожар и ласерскиот принтер?
- Сите ги измислила жена.
7. Во САД годишно се трошат преку 200 милиони американски долари на бодликава жица.
8. Буквата Ј не се појавува во периодниот систем на елемeнтите.
9. Жените трепкаат со очите дупло повеќе од мажите
10. Војна никогаш не започнала помеѓу две земји кои имале McDonald's!
11. Најмлада личност која некогаш родила е 5 годишна припадничка на племе. Била породена со царски рез.