Повеќето сајтови се измама – Работи за Dark Web што сигурно не ги знаевте
Silk Road беше најпопуларниот веб-сајт
Пред ФБИ да успее да го затвори, Silk Road беше најпопуларниот веб-сајт на Dark Web.
Сајтот беше онлајн продавница на која, меѓу другото, беа достапни и нелегални работи, како дрога.
Повеќето веб-сајтови се лажни
Ако не сте компјутерски експерт и не знаете што правите, не е препорачливо да сурфате на Dark Web бидејќи тешко дека ќе разликувате релевантен од лажен веб-сајт.
Лажните веб-сајтови лесно ги намамуваат луѓето дека продаваат нешто и, нормално, само им ги земаат парите, но и им ги крадат податоците.
Притоа, оштетените луѓе не можат да пријават бидејќи со самото тоа што нарачале нешто од Dark Web, тие направиле криминал.
За повеќето трансакции се користи биткоин
Биткоинот е најпопуларната криптовалута и е меѓу омилените на корисниците на Dark Web бидејќи е практично невозможно да се следи.
Ова им дава многу простор на криминалците кои пробуваат да ги скријат своите трансакции и сакаат да останат анонимни.
Dark Web не е исто со Deep Web
Ако сте слушнале за Dark Web, веројатно сте слушнале и за Deep Web и важно е да правите разлика помеѓу двата поима.
Deep Web е делот од интернетот до кој не може да пристапи кој било.
На пример, овде се сајтовите за кои корисниците треба да направат профил (како Фејсбук) или да платат (како Нетфликс) за да добијат пристап до нив.
Ова е и делот од интернетот до кој не можете да пристапите со пребарувачи како Гугл.
Dark Web е дел од Deep Web до кој се пристапува преку специјални прелистувачи.
Истовремено, Deep Web не е место каде што се пласира нелегална содржина, за разлика од Dark Web.
Спирова С. | Црнобело