Се запишале на факултет со лажен идентитет: Што знаеме за ќерките на Владимир Путин?
Додека Марија е поповлечена, некои извори тврдат дека сестра ѝ Катерина води раскошен живот и има огромно богатство.
Порано била танчарка, а во 2013-та се венчала со руски милијардер и се разделиле во 2018-та.
Настап на Катерина од пред 10-тина години
Постојат гласини дека потоа Катерина била во врска со рускиот балетан Игор Зеленски и дека со него има ќерка.
Игор Зеленски
Се шпекулира дека Путин има и трета ќерка со руската гимнастичарка Алина Кабаева.
Не е познато кога ја почнале врската, но, како што спомнавме, се претпоставува дека се заедно уште пред разводот на Путин и Људмила.
Путин и Алина во 2004 година
Сепак, ни Путин ни кој било ја нема потврдено врската официјално, а уште помалку нивното дете.
Постојат гласини и дека поранешна куќна помошничка на Путин исто така му била љубовница. Шпекулациите се појавиле откако жената се преселила во едно од најскапите предградија во Санкт Петерсбург.
Имотот на којшто се верува дека се преселила љубовницата на Путин
Според некои извори, Путин и жената „биле многу блиски“ уште во 1990-тите, а заедно добиле и ќерка.
Жената има ќерка чиј идентитет е познат, но наводно нема никакви документи кои покажуват кој ѝ е татко. Таа самата, пак, одбивала да зборува за можната поврзаност со Путин.
Досега Путин нема кажано скоро ништо за неговите ќерки – ни за оние кои ги има признато, ни за шпекулациите.
Наводно, тој се труди да ги држи настрана од политика со цел да ги заштити.
Спирова С. | Црнобело