На прв состанок паровите одат во кревет, забрането им е да носат мустаќи – Интересни факти за секојдневието на Амишите

Постојат два типа казни кај Амишите, едната е со исклучување, а другата со прогонство.

Кога некој е исклучен, тогаш тој се оттргнува од заедницата сѐ до моментот додека не сфати каде згрешил. Никој не разговара со него – ниту семејството, пријателите, а ниту соработниците.

Кога некој е исклучен, тоа не значи дека е отфрлен, туку само е прекината комуникацијата со него.

Ваква казна може да се заработи во заедницата ако ве фатиле како озборувате, пиете алкохол, користите модерна технологија во домот, не сте биле во црква или се облекувате несоодветно.

na-prv-sostanok-parovite-odat-vo-krevet-zabraneto-im-e-da-nosat-mustakji-interesni-fakti-za-sekojdnevieto-na-amishite-12.jpg

Прогонството е наменето за оние лица што извршиле убиства, силувања, кражба или злоупотребувале деца.

Лицата што се обвинети дека извршиле вакво злодело најчесто се засекогаш прогонети од заедницата, но познато е дека многупати тие ги прикриваат злосторствата од надворешниот свет.

na-prv-sostanok-parovite-odat-vo-krevet-zabraneto-im-e-da-nosat-mustakji-interesni-fakti-za-sekojdnevieto-na-amishite-03.jpg

Амишите, исто така, сѐ уште веруваат дека „ќотекот излегол од Рајот“, па често ги казнуваат децата со ќотек, како во домовите, така и во училиштата, а почесто момчињата може да добијат вакви казни затоа што се верува дека тие се поподложни на правење бељи.

Прочитајте и Инцести, силувања: Ужасна исповед на девојка од амишко семејство

na-prv-sostanok-parovite-odat-vo-krevet-zabraneto-im-e-da-nosat-mustakji-interesni-fakti-za-sekojdnevieto-na-amishite-11.jpg

Вообичаено Амишите не се фотографираат и не дозволуваат да им бидат направени фотографии.

Се смета дека фотографиите се директно спротивставување на нивната вера и дека ја нагласуваат индивидуалноста, што е спротивно на нивното учење дека треба да бидат запомнети по тоа што направиле, а не по физичкиот изглед.

na-prv-sostanok-parovite-odat-vo-krevet-zabraneto-im-e-da-nosat-mustakji-interesni-fakti-za-sekojdnevieto-na-amishite-06.jpg

Интересно е што Амишите дозволуваат да им се приклучат и нови жители од другите заедници доколку сакаат да водат едноставен живот во нивната заедница.

Но, единствен услов е да живеат со нив една година и да го научат нивниот начин на живот.

na-prv-sostanok-parovite-odat-vo-krevet-zabraneto-im-e-da-nosat-mustakji-interesni-fakti-za-sekojdnevieto-na-amishite-10.jpg

Прочитајте и 5 лекции за родителството од Амишите

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
На 14 години користел дрога, бил во затвор со Чарлс Менсон, а денес им помага на зависници – Факти з... Актерот Дени Трехо неколкупати бил во затвор, но откако избегнал смртна казна, р...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg