Инцести, силувања: Ужасна исповед на девојка од амишко семејство
Девојка под прекар Сејди искрено ја раскажува својата потресна животна приказна... Силувана од браќата, од татко ѝ и малтретирана од најрано детство таа ја открива мрачната страна на амишката заедница.
Девојка која се родила во семејство на Амиши за американските медиуми раскажува за своите трауми од детството под прекарот Сејди.
Таа се сеќава како креветот крцкал доцна навечер кога некој од нејзините браќа ќе се вовлечел во нејзината соба и ќе ја извлечел до крајот од нејзиниот душек. Ѝ ја тргал долната облека на страна додека со целото тело се навалувал врз неа.
Доаѓал друг брат, кој по хранењето на свињите ја малтретирал. Некогаш дури среде ден ѝ ги кинел фустаните, а копчињата леталe на сите страни.
Биле посилни и поголеми и најчесто го добивале тоа што го сакале.
Како дете Сејди била „заштитена“ од влијанието на надворешниот свет, никогаш не ѝ било дозволено да гледа телевизија и да слуша поп музика. Таа одела во амишко училиште во една соба, јавала коњ и одела во црква – била воспитувана да биде послушна, скромна и дисциплинирана.
До 9-годишна возраст веќе била силувана од еден од нејзините браќа, а до 12 години и од татко ѝ, кој пенетрирал со прстите во неа кажувајќи ѝ дека ја проверува нејзината плодност.
До 14 години тројца од нејзините браќа ја имале силувано и била напаѓана во нејзиниот кревет повеќе пати неделно. Била засрамена и збунета. Сестрите со кои ја делела собата никогаш не се разбудиле за време на нападите, односно никогаш не кажале ништо, а години подоцна ѝ се исповедале дека и тие биле силувани.
Сејди била воспитувана според многу правила, а едно од нив било да биде тивка. „Не постоеше љубов ниту поддршка. Чувствував дека немам кому да се пожалам за пеколот низ кој минував“, вели таа.
Дури и кога полицијата се појавила на прагот од нивниот дом со обвинение дека таткото на Сејди си ги злоупотребувал ќерките, таа молчела, а татко ѝ бил осуден само на 5 години условна казна.
По многу години силувања и малтретирање Сејди одлучила да зборува за мрачноста на нејзиното детство. Се изморила од молчење.