Инцести, силувања: Ужасна исповед на девојка од амишко семејство
Таа ја раскажува својата приказна во медиумите и тврди дека во оваа култура има многу сексуални злоупотреби за кои се молчи, дека тоа е како некаква јавна тајна.
Сејди вели дека кај Амишите многу девојки се допирани непримерно, терани на орален секс и силувани од членовите на сопственото семејство, соседите, па дури и лидерите на амишката црква.
Се смета дека во руралните делови на Северна Америка има околу 342.000 Амиши и дека ова е брзорастечка религиозна заедница поради многуте деца кои ги имаат.
Според истражувањата на американските медиуми имало 52 официјални случаи на сексуална злоупотреба на деца во амишки семејства во 7 држави во САД во текот на изминатите две децении.
Но, оваа мрачна бројка не е доказ за реалната ситуација, затоа што Сејди вели дека постојат многу повеќе случаи, но жртвите молчат за тоа. Тие се плашат дека ако зборуваат со полицијата ќе бидат отфрлени од своите семејства и од црковните лидери. Постојано се заплашувани и добиваат закани за истерување од заедницата.
Целата приказна прочитајте ја ТУКА!
Прочитајте и Прикривање на силувања и уште 9 мрачни тајни за начинот на живот на Амишите.
С. С. | Црнобело