5 лекции за родителството од Амишите

За многумина првата асоцијација штом го слушнат изразот Амиши е нивната темна старомодна облека и запрежните коли, но сепак Амишите се многу чекори напред кога е во прашање родителството.

5-lekcii-za-roditelstvoto-od-amishite-0001_copy.jpg

Ова се петте правила до кои тие секогаш се придржуваат кога е во прашање одгледувањето и воспитувањето на нивните деца:

1. Им дозволуваат на децата да работат

Амишите ги учат своите деца дека треба да бидат од корист и да помагаат во семејството на секаков начин. Разните задачи за помагање низ домот се нешто кое треба да им се наметнува уште од мали години бидејќи на тој начин децата се чувствуваат рамноправни со останатите членови на семејството и важни за функционирањето на истото. Тоа може да бидат едноставни задачи како диплење на нивната облека или помош низ кујната.

Она што е важно при таквото растење е дека децата стекнуваат навики за работа и понатаму во животот многу полесно ги прифаќаат и се носат со сè поголемиот број обврски кои ги носи животот.

2. Ги хранат децата со квалитетна, непреработена храна

Никогаш нема да слушнете ниту едно дете од оваа заедница како се жали дека не му се допаѓа храната која треба да ја изеде. Секако физичката работа е таа која исцрпува и создава глад но самото работење и одгледување на храната која ја јадете ве учи многу повеќе да го цените тоа што е вас.

Помагањето од најмала возраст во кујната ги учи како правилно да зготват здрава храна и ги држи подалеку од чипсот и брзата храна, благодарение на што овие деца речиси и никогаш да немаат проблеми со прекумерна тежина.

Научете го вашето дете што значи да одгледа нешто свое – макар тоа било и обично нане од кое еден ден ќе му приготвите чај. На тој начин ќе научи низ што сè треба да помине за храната која ја добива.

3. Ограничено користење на медиумите

Илјадниците грижливо смислени реклами кои ги гледаме секој ден имаат една иста цел – да нè направат незадоволни со работите кои ги имаме, животот кој го живееме, нашиот изглед, тело, домот во кој живееме... Тие ја постигнале целта во моментот кога ние веќе тргнуваме по нешто ново без кое, секако, нашиот живот претходно бил безличен.

Амишите немаат долга листа на желби за производи и нивните деца воопшто на плачат по најновите играчки бидејќи ретко знаат и дека тие воопшто постојат.

Исто така анорексијата е речиси и непознат поим за оваа заедница бидејќи нивните деца се воспитувани така што никогаш фокусот не го ставаат на надворешната убавина туку на она кое се наоѓа во внатрешноста на секој човек.

4. Ги учат децата на правилото за приоритети

Уште од најмали Амишите ги учат децата дека нивните желби и потреби се важни, но не и поважни од потребите на другите. Себичноста е нешто кое никогаш нема да го видите меѓу членовите на оваа заедница. Родителите Амиши на овој начин ги учат децата дека сè што е дадено никогаш не е изгубено.

Затоа најдете начин со кој вашето дете ќе научи да им помага на другите, независно дали е тоа купување весник за стариот дедо кој живее до вас или грижи за мачките на соседите додека тие се отсутни, сето тоа кај него ќе создаде навика дека тоа е начинот на кој треба да живее понатаму.

5. Секогаш наоѓаат време за семејството

Кога едно дете ќе почне да се однесува лошо, за родителите тоа е знак дека на детето му е потребно повеќе внимание, кое тие секогаш му го посветуваат сè додека неговото однесување не се поправи. Начинот на кој живеат им дозволува да поминуваат многу повеќе време со семејството. Семејната вечера е време кога сите се на масата, а по неа следат игри и активности во кои се вклучени сите членови.

Обидете и вие барем еднаш недело да имате една ваква вечер со вашите деца. Играјте „Монопол“ или „Не лути се човече“ и ќе забележите колку многу тие ќе се радуваат на времето кое сте го поминале заедно.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg