„Сакајте ја скромноста, таа ќе ви ги покрие сите гревови“ - Животни лекции од отец Мелентиј хиландарски
11. Оној кој е послаб од вас во добрите дела сметајте го за рамен на вас, а оној што ви е рамен сметајте го за многу поголем од вас.
12. Не завидувајте на оној кој е понапреден од вас. Би било прекрасно сите луѓе да ги сметате за поголеми и подобри од себе. Тогаш самиот Бог ќе биде со вас.
13. Не дружете се со горделивите, туку со кротките и љубезните.
Бидете скромни во сè: во движењето на телото, во говорот, во облеката, во седењето, во стоењето, во вашата соба, во сè, пред секого и сè.
14. Ако сте пофалени за вашите добри дела, не радувајте се и не уживајте во тоа.
15. Скријте ги вашите добри дела колку што можете повеќе. Не дозволувајте некој да ги изнесе и обидете се да не дозволите луѓето да ве фалат.
16. Ако некој ви суди за грев што не сте го направиле, не се лутете, туку смирете се и Бог ќе ве награди за тоа.
17. Навикнете го јазикот да каже „прости ми“, па во вас ќе се населат кроткоста и љубезноста.
18. Ако некој дури и ве навреди, одговорете му со „прости ми, брате“, бидејќи ваквото смирение ги уништува сите ѓаволски стапици.
19. Бидете покорни на секој и на сѐ. Вашата уста нека биде трпелива, па ќе станете кротки. Кроткоста и понизноста ќе ве однесат кон простување на сите ваши гревови.
С. Ш. | Црнобело / фото: Википедија