„Ако не побарате нешто, одговорот секогаш ќе биде не“ – Цитати кои ќе ви ја вратат самодовербата во тешките денови
„Успешните луѓе чувствуваат страв, успешните луѓе имаат сомнежи и успешните луѓе имаат грижи. Само, тие не дозволуваат овие мисли да ги сопрат“.
Не постои личност која не се посомневала во себе и во своите способности.
Стравот од промени, од грешки и нивните последици, е нешто што го чувствуваме сите.
Но, ако дозволиме овој страв да нè обземе, целиот живот ќе стоиме во место
Неколку цитати кои ќе ви ја вратат самодовербата и ќе ви помогнат да се придвижите напред:
„Никој не може да направи да се чувствувате инфериорно без ваша дозвола“ – Еленор Рузвелт.
„Храброста е отпорност на стравот, совладување на стравот, а не недостаток од страв“ – Марк Твен.
„Не дозволувајте критиките од другите да ви го одвлекуваат вниманието. Запомнете – некои луѓе можат да го вкусат успехот само ако ’гризнат‘ од вас“ – Зиг Зиглар
„Хуморот потекнува од самодовербата“ – Рита Меј Браун.
„Сите ние имаме ограничувања. Но, кога ги слушаме оние кои нè критикуваат, тогаш ги имаме и нивните ограничувања“ – Роберт Брело.
„Кога-тогаш, оние кои ќе успеат се оние кои мислат дека можат“ – Пол Турниер.
„Немојте да си ја трошите енергијата пробувајќи да го промените мислењето на другите. Правете си го она што го правите, и нека не ви е гајле ако другите не го сакаат“ – Тина Феј.