Го дели сопругот со две жени, има богатство од 15 милијарди долари: Факти за шеика Моза, мајката на емирот од Катар
Иако е прогласена за една од најмоќните жени во светот од страна на Forbes и се залага за подобрување на животот на жителите на Катар, Моза е соочена со критики.
Имено, според многумина, таа не се залага доволно за женските права во Катар. За потсетување, жените во Катар се сметаат за „граѓани од втор ред“.
На прашањата во врска со оваа проблематика, Моза изјави:
„Не треба да гледате само еден сегмент од општеството и да се фокусирате на тоа. Ако сакате да ги едуцирате жените, треба да ги едуцирате и мажите. Ако имате едуцирани мажи, тие ќе им овозможат на жените да бидат едуцирани“.
Моза го дели сопругот со уште две жени.
Првата сопруга на поранешниот емир е негова прва братучетка и заедно имаат седум деца.
И третата сопруга на поранешниот емир му е прва братучетка, а заедно имаат девет деца.
Моза е втората сопруга на поранешниот емир, а заедно имаат седум деца, од кои едното е сегашниот емир на Катар.
Останатите деца генерално се држат понастрана од јавност.
Моза е модна икона и носи само дизајнерска облека. Самата има изјавено дека кога се чувствува лошо, понекогаш сака да ја разгледува скапата облека во својот гардеробер за да се расположи.
Всушност, таа е толку вљубена во модата, што поседува акции од познатиот бренд Valentino.
Моза е милијардерка и нејзиното богатство се проценува на над 15 милијарди долари.
Во Лондон, таа ја поседува една од најскапите куќи (која повеќе наликува на палата), чија вредност се проценува на 250 милиони долари. Се верува и дека во Лондон има повеќе имот од самото британско кралско семејтво.
Спирова С. | Црнобело