Го дели сопругот со две жени, има богатство од 15 милијарди долари: Факти за шеика Моза, мајката на емирот од Катар
Нејзиното богатство се проценува на 15 милијарди долари, се верува дека има повеќе имоти во Лондон од британското кралско семејство, но неретко е критикувана бидејќи не се залага за женските права – нешто што е сериозен проблем во Катар. Факти за шеиката Моза, мајката на сегашниот емир на Катар и една од најголемите светски модни икони...
Шеика Моза бин Насер ал Миснед е сопруга на поранешниот емир на Катар, како и мајка на сегашниот.
Неретко нарекувана најелегантната во светот, Моза честопати е споредувана со Џеки Кенеди и важи за можеби најдобро облечена жена од кралско семејство.
Моза е и екстремно богата и се претпоставува дека нејзиното богатство изнесува над 15 милијарди долари.
Се верува дека Моза (со сопругот) има повеќе имоти во Лондон од самото кралско семејство, а скапата дизајнерска облека е нејзин заштитен знак.
Неколку факти за шеиката Моза:
Моза е родена во Катар, но пораснала во Египет и Кувајт. Причината за ова е нејзиниот татко кој бил протеран од Катар бидејќи му се спротивставувал на тогашниот режим.
Се вратила во Катар во 1977-ма, на 18-годишна возраст, за да се венча со Хамад Бин Калифа Ал Тани кој тогаш бил „само“ член на кралското семејство на Катар, односно син на тогашниот емир.
Сопругот на Моза седна на тронот на Катар во 1995 година, и тоа со пуч. Додека татко му беше на патување во Швајцарија, Хамад го организирал пучот и присилно ја презеде власта.
Наводно, причината за оваа одлука било несогласување – татко му пробал да му ја одземе власта од некои области.