9 факти за женското тело што звучат нереално
Женското тело закрепнува побрзо
Истражување покажало дека по напорен тренинг, мускулите на жените закрепнуваат побрзо од оние на мажите.
Друго истражување покажало дека жените имаат 14% повисоки шанси да преживеат сериозна повреда за разлика од мажите.
Се претпоставува дека причината за ова се „машките“ хормони кои се поприсутни кај мажите, а наводно го ослабуваат имунитетот.
Жените гледаат повеќе бои
Жените имаат и подобро развиен вид, барем кога станува збор за разликување бои.
Истражување од 2010-та покажало дека тие гледаат повеќе нијанси од мажите.
Во бременоста, женското тело создава нов орган
Станува збор за плацентата која е како привремен орган кој се развива за време на бременоста.
Папочната врвца е поврзана со плацентата и преку неа фетусот добива кислород и хранливи материи.
Доилките можат да произведат до еден литар млеко во еден ден
Доилките (кои немаат никакви проблеми со доењето) можат да произведат од 750 до 1.035 милилитри во период од 24 часа.
За време на бременост, можат да настанат огромни промени во косата
Бременоста предизвикува промени и на косата.
Кај некои жени косата почнува да расте побрзо и станува посилна.
Кај други, косата почнува да паѓа или станува потенка и покршлива.
Генерално, по породувањето, косата се враќа во нормала.
Спирова С. | Црнобело