Беше зависен од лекови и пластични операции, го обвинуваа за педофилија – Факти за Мајкл Џексон
Беше обвинет за сексуално малтретирање деца
Во 1993 година, Еван Чендлер – заболекар и сценарист од Лос Анџелес – го обвини Мајкл Џексон за сексуален напад. Според Еван, пејачот сексуално го малтретирал неговиот 13-годишен син.
Најпрво Еван сакал финансиска спогодба, но со Мајкл не можеле да се договорат за сумата. Истата година, и синот на Еван изјавил дека бил малтретиран, по што беше започната истрага.
Полицијата не нашла доволно докази и пејачот беше ослободен, но неговата репутација не закрепна никогаш.
Во 2003 година, пејачот повторно беше обвинет за сексуално малтретирање деца.
Судењето траеше четири месеци, по што пејачот беше ослободен – поротата и судијата заклучија дека семејствата на наводните жртви само сакале да извлечат пари од него.
Двапати беше во брак
Во 1993 година, среде скандалот со педофилијата, Мајкл Џексон во тајност се венча со Лиса Мари Присли – ќерката на Елвис Присли.
Нивниот брак траеше две години.
Во 1996 година тој повторно се венча, овојпат со Деби Роу. Со неа доби две деца и продолжи да се грижи за нив по разводот во 2000-та.
Во 2002 година, пејачот доби уште едно дете со сурогат мајка.
Се соочуваше со многу финансиски проблеми
Иако успеа да продаде милијарди копии од неговите албуми и неговите концерти секогаш се распродаваа уште во првите два-три дена, Мајкл Џексон имаше сериозни финансиски проблеми.
Според Billboard, на денот на неговата смрт пејачот имал долг од 400 милиони долари.
Но, по неговата смрт, Forbes го прогласи за почината личност која заработува најмногу.
Според магазинот, пејачот „заработил“ 500 милиони долари по смртта од продажба на негови предмети и други постхумни договори.
Беше зависен од лекови
Во 1993 година, пејачот самиот изјави дека е зависен од лекови против болка.
Почнал да ги пие лековите по инцидентот во кој се здобил со изгореници.
Набрзо потоа, неговите адвокати споделија дека бил на рехабилитација, но се чини дека пејачот не се ослободил од зависноста.
Подоцна јавноста дозна дека Мајкл бил зависен и од лекови за спиење.
Неговиот лекар беше обвинет за неговата смрт
Мајкл Џексон почина на 25 јуни 2009 година. Аутопсијата покажа дека причина за смртта е предозирање со лекови за спиење и седативи.
По истрага се откри дека лекарот му дал комбинација од лекови за да му помогне да заспие.
Лекарот беше изведен на суд, каде што судијата го прогласи за виновен за убиство.
Бидејќи убиството сепак било само несреќен случај, лекарот доби 4-годишна казна затвор.
Спирова С. | Црнобело