Црно-бел телевизор, местење антени: Трауми од детството што денешните деца никогаш нема да ги разберат

„Ви текнува на вицот: ‘Имате телевизори во боја? Дајте еден црвен’“ – овој виц денешната младина никогаш нема да го разбере, а не може ниту да сфати што значи да си далечински управувач по дома. Да се присетиме на „траумите“ од детството.

crno-bel-televizor-vo-koj-jas-bev-dalechinski-upravuvach-traumi-od-detstvoto-shto-deneshnite-deca-nikogash-nema-da-gi-razberat-01.jpg

Денешните деца не знаат што е „мака“. Гледаат цртани по цел ден, ако не на паметен телевизор, тогаш на компјутер, ако не на компјутер тогаш на таблет.

Единствен начин за да ги одлепиш од екран е да ги извадиш од дома и пак треба да глумиш кловн и да ги анимираш за да ги задоволиш нивните високи стандарди.

Ги гледам и си мислам дека никогаш нема да знаат низ какви маки поминувавме ние кога бевме деца во едно поинакво и поедноставно време, кога училиштниот ден завршуваше со фрлање на ранецот дома и излегување на улица, а домашното мораше да биде напишано пред да почне блокот со цртани – за да можеш да гледаш.

crno-bel-televizor-vo-koj-jas-bev-dalechinski-upravuvach-traumi-od-detstvoto-shto-deneshnite-deca-nikogash-nema-da-gi-razberat-11.jpg

Ех, тоа беа времиња. Ако ти речат: „нема сега телевизор“, земаш топка и одиш надвор, а денешните деца, ако снема интернет на 5 минути - не знаат што да прават со себе.

Да се присетиме на некои наши трауми од детството и да се насмееме:

Телевизорите во боја на крајот од 80-тите години за некои семејства сѐ уште беа луксуз, па многу од децата што растеа во тој период дома имаа само црно-бел телевизор. Кога ќе видеа телевизор во боја се радуваа како да виделе нешто неверојатно. 

Телевизорот го вклучуваш и чекаш половина час да се запали, да дојде тон, слика...  

crno-bel-televizor-vo-koj-jas-bev-dalechinski-upravuvach-traumi-od-detstvoto-shto-deneshnite-deca-nikogash-nema-da-gi-razberat-02.jpg

Наместо да гледаш цртани во секој дел од денот, 100 канали YouTube и Netflix, имаше само 3, па што ќе ти пушти „чичкото“ тоа ќе гледаш.

Мама и тато гледаат вести секоја вечер, а ти си играш, ако случајно се најдеш околу телевизор, обавезно следува реченицата: „Ај те молам пушти малку глас и смири се малку да видам што ќе кажат.“

Сфаќаш дека е подобро да се тргнеш на страна за да не бидеш цела вечер далечински управувач и секако кога чепкаш на телевизорот мора да внимаваш да не го бутнеш „миленцето“ на мама. 

crno-bel-televizor-vo-koj-jas-bev-dalechinski-upravuvach-traumi-od-detstvoto-shto-deneshnite-deca-nikogash-nema-da-gi-razberat-10.jpg

Ако се расипе сликата, тогаш се знае некој мора да се качи на покрив и да ја намести антената, а ние од дома викаме на цел глас:

„Добро е, не е добро, мрдни малку...“

@kljucenijakljuca #srecniljudi #domaceserije #ristana #arandjelgolubovic #ostojic #antena ♬ original sound - kljucenijakljuca???

За среќа излегоа и собните антени на струја, за кои немаше потреба да се виси надвор, а ако нема добар прием по дома, проблемот се решава со компир или виљушка.

crno-bel-televizor-vo-koj-jas-bev-dalechinski-upravuvach-traumi-od-detstvoto-shto-deneshnite-deca-nikogash-nema-da-gi-razberat-05.jpg

Тоа решение беше соодветно и за антените на радиото.

crno-bel-televizor-vo-koj-jas-bev-dalechinski-upravuvach-traumi-od-detstvoto-shto-deneshnite-deca-nikogash-nema-da-gi-razberat-06.jpg

Место таблети по дома имавме тетриси, за да ни се развива мозокот, а место Play Store по една дискета за нинтендо и таа ја дуваш за да работи. Плачеш за ново нинтендо, а мама ти вели, нема да работи на нашиот телевизор. 

crno-bel-televizor-vo-koj-jas-bev-dalechinski-upravuvach-traumi-od-detstvoto-shto-deneshnite-deca-nikogash-nema-da-gi-razberat-12.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg