Кратка прошетка низ детските хитови од '80-те и '90-те

Сите понекогаш знаеме да бидеме носталгични за детството и убавите времиња.

kratka-prosetka-niz-hitovite-od-naseto-detstvo-001.jpg

Кога нашите родители ни зборуваа „Ех, во наше време кога одевме на корзо сите на едно место, па немало прибирање во ниедно време како сега, па сме оделе на излет, па на лизгалиште...“ сигурно додека бевте деца превртувавте очи.

А, сега, признајте дека и вам ви се случува со носталгичност да се сеќавате на вашето детство. Можеби сеуште не го кажувате тоа (во наше време), во зависност од возраста, но сите сакаме да си се навраќаме на убавите моменти.

Ние решивме да ве потсетиме на некои од детските хитови кои беа популарни кон крајот на '80-тите и почетокот на '90-тите години. Уживајте!

1. Ниту едно Златно Славејче не почнуваше без песничката „За сите деца“

2. Немаше девојче што не сакаше да биде Марионката на Васил Гарванлиев

3. А, Никола, Никола? Ех, вистински хит беше песнава

4. Сите посакувавме да возиме Кола Убава

5. Нешто постара, но препеана неколку пати до сега – Дувна ветре развигорче

6. Ја памтите Наташа од трето три?

7. Не може да ја прескокнеме и Дајте музика и Зелката има кошули триста

8. Бобиии баш ми е гајле, нема да плачам по тебе

9. Песната што ја игравме на сите патронати и приредби – Пролет иде, Пролет иде

10. И за пред спиење – Во светот на бајките

Слободно споделете ги оние на кои ќе се сетите дополнително.

Се надеваме дека успеавме барем на кратко да ви навратиме убави спомени!

Би можело да ве интересира:

10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Пиевме сок од пластични чашки, жените носеа лисици на врат - Фотки кои будат носталгија по среќното ... Бевме деца седнати пред телевизор и секоја вечер во 7 чекавме да почне цртаниот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg