Мудра приказна: Лоши навики
Еден богат човек побарал од стариот учител да му помогне да го одвикне синот од лошите навики.
Учителот го повел со себе момчето на прошетка низ градината.
Застанале на едно место и побарал од момчето да откине една млада билка која растела недалеку од местото на кое стоел.
Тој ја фатил билката со палецот и показалецот и ја откорнал. Учителот потоа побарал да откорне една малку поголема билка. Момчето повлекло малку посилно и успеал да ја откорне и оваа тревка.
„А сега, откорни ја оваа“ – му рекол учителот, покажувајќи на една грмушка. Момчето морало да ја употреби сета своја сила за да ја откорне, но и тоа му тргнало од рака.
„А сега, пробај оваа“ – рекол старецот, покажувајќи на едно дрво. Момчето го фатило стеблото со рацете и почнал да го влече од земјата. Но, стеблото ни да мрдне.
„Па, ова е невозможно“ – му одговорило момчето задишано.
„Истото важи и за лошите навики“, му рекол стариот учител. „Кога сте млади, лесно е да се ослободите од нив, но кога ќе се развијат – тешко е да ги искорените!“