11 работи кои ги научив до мојот 34-ти роденден (не се дружам со мрачни луѓе, критики прифаќам од веродостојни извори)

Се правам на 3 ипол – порано кога ќе фатев некого среде лага се докажував до изнемоштеност, а сега само на овие луѓе им ставам епитет патолошки лажговци и во иднина сè што кажуваат го прифаќам со доза на резерва. Ги бришам броевите од телефонски именик на луѓе кои се исфрустрирани и едвај чекаат да почнат кавга.

11-raboti-koi-gi-nauchiv-do-mojot-34-ti-rodenden-ne-se-druzham-so-mrachni-lugje-kritiki-prifakjam-od-verodostojni-izvori-01.jpg

Убаво велат дека со годините си учиме многу значајни лекции.

Па, така јас до својот 34-ти роденден научив доста и токму поради овие лекции функционирам на начинот на кој функционирам.

За други можеби погрешен, за мене најправилен на свет. Најверојатно така секој си мисли за својот начин на живеење и функционирање.

Сепак, ќе ги споделам моите животни лекции и начин на фукционирање, затоа што можеби барем една од нив некој ќе ја смета за правилна и ќе му послужи во животот.

Работите кои ги научив до мојот 34-ти роденден:

1. Критика прифаќам само кога некој ќе направи подобро од мене и ќе ми покаже како треба, а не од луѓе што критикуваат, а не знаат самите да направат подобро.

2. Ги бришам броевите од телефонски именик на луѓе кои се исфрустрирани и едвај чекаат да почнат кавга, па своето незадоволство од животот сакаат да го рефлектираат врз мене.

3. Одам на местото на кое сакам, без разлика дали тоа ќе биде со една личност, друга личност или сама, битно одам.

11-raboti-koi-gi-nauchiv-do-mojot-34-ti-rodenden-ne-se-druzham-so-mrachni-lugje-kritiki-prifakjam-od-verodostojni-izvori-03.jpg

4. Си ги планирам деновите на начинот на кој ми одговара, без разлика на мислењето на околината дали тоа е исправно.

5. Се дружам со убави луѓе и кога велам убави мислам на убави по душа, оние вечни оптимисти кои постојано имаат насмевка на лицето.

6. Не ги промислувам многу работите, затоа што од лошото не се бега и ако нешто ни е судено, нема да ја промениме ситуацијата грижејќи се за тоа, најдобро е да уживаме во меѓувреме.

11-raboti-koi-gi-nauchiv-do-mojot-34-ti-rodenden-ne-se-druzham-so-mrachni-lugje-kritiki-prifakjam-od-verodostojni-izvori-02.jpg

7. Не судам никому и за ништо – порано сеев морални начела, а сега си го гледам својот живот, а на другите само им давам поддршка за начинот на кој го живеат својот и со задоволство ги слушам нивните приказни.

8. Се правам на 3 ипол – порано кога ќе фатев некого среде лага се докажував до изнемоштеност, а сега само на овие луѓе им ставам епитет патолошки лажговци и во иднина сè што кажуваат го прифаќам со доза на резерва.

9. Покажувам и зборувам за емоциите, па ако порано си молчев кога некого сакав, сега отворено си кажувам, па зошто да не се шири позитивна енергија?

11-raboti-koi-gi-nauchiv-do-mojot-34-ti-rodenden-ne-se-druzham-so-mrachni-lugje-kritiki-prifakjam-od-verodostojni-izvori-04.jpg

10. Не се фокусирам на банални работи, туку ја гледам големата слика, нешто што сметам дека е клучно да успееш во животот, притоа не трошејќи си го драгоценото време и енергија на тоа што праменот од косата ми бил на лево, а не на десно.

11. Гледам што помалку да се дружам со луѓе кои, за жал, не знаат да му се радуваат на животот и се будат со помислата што сè не чини во нивниот животот, државата и светот, а всушност главното што не чини е нивната психа.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Марко Марк за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам пилот кога ќе пораснам“ „Се збогував и со двајцата крзнени другари пред една година - мојот непрежален з...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg