Парадоксот на нашето време

Често пати се прашувате зошто повозрасните знаат да кажат: „Во наше време постоеше пријателство, дружење, комуникација, љубов, вистинска забава...

paradoksot-na-naseto-vreme-01

Има и зошто:

Парадоксот на нашето време е тоа што имаме поголеми згради, но пократки нерви; пошироки патишта, но кратки видици. Трошиме повеќе, а имаме помалку. Купуваме повеќе, уживаме помалку.

Имаме поголеми куќи, помали семејства. Повеќе удобности – помалку време. Имаме повеќе дипломи, но помалку разум. Повеќе знаење, а помалку расудуваме. Повеќе експерти, уште повеќе проблеми. Повеќе знаење во медицината, а сè помалку здравје.

Пиеме премногу, пушиме премногу, трошиме непромислено, се смееме премалку, возиме пребрзо, лесно се лутиме, доцна си легнуваме, стануваме уморни, читаме недоволно, гледаме премногу ТВ.

Премногу зборуваме, премалку сакаме, пречесто мразиме. Научивме како да преживуваме, но не и како да живееме. Додаваме години во животот, но не и живот на годините.

Отпатувавме и до Месечината, а проблем ни е да отидеме преку улица и да се запознаеме со новите соседи. Загосподаривме со надворешниот простор, но не и со внатрешниот. Направивме големи, но не и подобри работи.

Го исчистивме воздухот, но ја загадивме душата.

Пишуваме повеќе, но учиме помалку. Планираме повеќе, но постигнуваме помалку. Научивме како да брзаме, но не и да чекаме. Имаме поголема заработувачка, но и понизок морал. Имаме повеќе храна, а сме сè повеќе неблагодарни. Градиме моќни компјутери, но разговараме сè помалку и помалку. Тежнееме кон квантитет, а забораваме на квалитетот.

Ова се времиња на големи луѓе, а мали карактери, брза заработувачка и површни односи. Ова е време на мир во светот, војна во домот. Многу време, малку уживање. Сè помалку финансиски проблеми во бракот, а сè повеќе разводи.

ЗАПОМНЕТЕ:

Поминувајте повеќе време со вашите сакани, затоа што тие нема да бидат вечно покрај вас. Кажете по некој убав збор и на оној кој одоздола ве гледа со стравопочит, затоа што таа мала личност наскоро ќе порасне и ќе си замине.

Сетете се да поделите топла прегратка на оној покрај вас, затоа што тоа е единственото богатство кое можете да го дадете од срце, а да не ве чини ништо. Сетете се да им кажете „Те сакам“ на вашиот партнер и на саканите, но тоа да го мислите искрено.

Бакнеж и прегратка можат да излечат сè, само ако доаѓаат длабоко од срцето. Сетете се да се држите за рака и да ги цените моментите кога сте заедно, затоа што еден ден таа личност веќе нема да биде тука. Најдете време да сакате, најдете време да разговарате, и најдете време да ги споделите вашите драгоцени мисли со другите.

Смејте се често, долго и искрено. Смејте се додека не го загубите здивот. Солзите се случуваат. Издржете, преболете, преживејте. Животот не се мери со бројот на земените здивови, туку со оние моменти кои ни го одземаат здивот.

***Овој текст е оригинално напишан од Dr. Bob Moorehead

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Марко Марк за CRNOBELO лексикон: „Сакав да бидам пилот кога ќе пораснам“ „Се збогував и со двајцата крзнени другари пред една година - мојот непрежален з...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg