10 (симпатични) работи кои ги правевме во детството и си имаа посебна убавина
Имавме навика да си раскажуваме страшни приказни, да „повикуваме“ духови и вечерта да скокаме од кревет и на најмал звук. Но, и да сме лудо вљубени во нашиот идол од телевизија.
Во детството правевме многу навидум бесмислени работи, но и многу уживавме додека ги правевме тие работи.
Од денешна перспектива можеби ни звучат дури и чудно, но тогаш уживавме во нив.
Интересни навики кои ги имавме во детството и си имаа посебна убавина:
- Да си гледаме на карти
- Да си гледаме на кафе (како поголеми)
- Да се учиме како да се бакнуваме, со лижавче, со бонбона во чаша вода
- Да си раскажуваме страшни приказни, да „повикуваме“ духови и вечерта да скокаме од кревет и на најмал звук
- Да собираме денар по денар за да си купиме смоки, реско, ресани
- Да сме лудо вљубени во нашиот идол од телевизија и да ги знаеме сите детали за неговиот живот
- Да јадеме зелени сливи од дворот на соседот
- Да играме криенка, брканица, народна, грабни стапче, делфин по цели денови
- Да си ја излепиме целата соба со постери со членовите на омилениот бенд и да им ги знаеме сите песни на памет
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело