23 грешки во македонскиот јазик што најчесто ги правиме, а заради кои делуваме неписмени
И не се вели: „И јас Ве поздравувам Вам“, туку „И Јас Ве поздравувам Вас“.
„Вам“ се употребува во следниот пример за формулација: „Исто Ви посакувам и Вам“.
Прејак ми е и новокомпонираниот израз кај младите, кој самоиницијативно си го употребуваат. Тоа е зборот СЕКАД. За нив тоа е антоним на српското НИКАД, освен што ни Србите го немаат тој збор во јазикот, односно кај нив СЕКОГАШ се вели УВЕК.
Има уште многу примери, но во моментов се сетив на овие, како најчесто (зло)употребувани.
Ако самите не си припазиме на сочувување и негување на јазикот, ќе се уништи неговата автентичност и вредност.
Секоја чест на луѓето кои навистина внимаваат што и како изговараат и пишуваат.
Кара | Црнобело / фото: freepik.com