23 грешки во македонскиот јазик што најчесто ги правиме, а заради кои делуваме неписмени
Не се вели вришли, туку виршли, и не летаме со хилихоптер туку со хеликоптер... Кои се најчестите грешки што ги правиме во изговорот и во пишувањето, а заради кои делуваме неписмено?
Јазикот ни е под огромно влијание од соседите, но и благодарение на интернетот и телевизијата, преплавени сме со англицизми, кои каде стигнеме ги употребуваме.
Нејсе, поентата ми е дека најголем дел од нас ја промашуваме работата во писмената комуникација, кога познатото македонско едначење по звучност ќе успее да ги збуни луѓето и тие си пишуваат како што слушаат при изговор, а изговорот е под влијание на дијалектот од местото од каде што доаѓаат.
Заради тоа често се случува и изговорот на некои зборови е тотално „изопачен“ или со погрешен акцент.
Кои се зборовите што најчесто погрешно ги изговараме или ги пишуваме?