„Бев со воз од Скопје до Велес, првпат по 25 години – кондуктерот ме воодушеви со љубезноста“

Беше одамна времето кога првпат искусив возење со воз. Се сеќавам на релацијата. Скопје – Зелениково и мислев: „Ех колку далеку ќе патувам, каков ли воз ќе пристигне....“  Тогашниот воз го паметам низ магла, но знам дека за дете од 6 години беше доживување. Денес, после 25 години решив повторно да се возам во воз, овојпат со моето дете.  

moeto-sabotno-dozivuvanje-so-voz-do-veles-posle-25-godini-01.jpg

На официјалната веб страна на Македонски железници го има возниот ред, кој е точен (или барем нашиот воз стигна навреме) – 09:15 минути. 

На пристигнување на Железничката станица се вчудовидив од фактот колку истата е запоставена и огрубена. Нечиста.

Поимот за Железничка станица треба да бидат насмеаните лица на повеќе вработени кои позади пултот продаваат карти за превоз. Но, она кое го затекнав беше само една жена, која љубезно нè услужи и ни посака среќен пат.

Лифтот иако беше во возна состојба, не беше исчистен веројатно од неговото поставување.

Големо разочарување за мене. Владееше тишина наоколу, немаше патници, немаше многу возови, но сепак нашиот стигна навреме.  

moeto-sabotno-dozivuvanje-so-voz-do-veles-posle-25-godini-02.jpg

Беше еден од новите кинески возови кои првпат ги видов, но зачудувачки чист и сочуван. Небаре никој не се возел претходно во него.  

Кондуктерот и ние. Возот празен. И тоа беше нормално, со оглед на тоа што решивме да се возиме рано изутрина кога градот сè уште спие.

Не издржав, а да не го прашам кондуктерот за старите возови кои ги паметам од детството, за патниците, честотата на патување, интересот кај младите.... 

Неговиот одговор ме изненади, особено фактот дека младите се повеќе сакаат да се возат со нашите возови. Она што не го знаев е дека секој викенд железничкиот превоз е бесплатен за младите до 26 години, што е одлично.  

А доколку сакате да се возите во старите возови и да го искусите патувањата во посебните т.н купиња, тогаш треба да патувате на подолга дестинација, на пример до Битола.

Она што ми остави најголем впечаток беше жарот во очите на кондуктерот, кога зборуваше за неговите омилени патувања, неколку случки кои ги памети од младоста, како и љубовта која ја негуваше кон работата што ја работи.

Па си помислив – „Ех, сите ние младите да го имаме овој ентузијазам за она што го работиме и правиме секојдневно....”

На железничката станица стигнавме за неполни 35 минути.

moeto-sabotno-dozivuvanje-so-voz-do-veles-posle-25-godini-03.jpg

За оние кои досега не се прошетале до Велес со воз, можам да ги посоветувам дека нема да згрешат.

Со 15-минутна прошетка од железничката станица во Велес, веќе сте во центарот на градот, па утрината е убаво да ја започнете со топло печиво и кафе во природа.

Прошетајте се по чаршијата, плоштадот, пробајте велешка пастрмајлија, посетете ја Црквата „Успение на Пресвета Богородица” во срцето на стариот дел од градот и уживајте во саботната прошетка. Нема да погрешите.

Секако, не заборавајте да си го чекирате повратниот билет, или да купите нов, непосредно пред вашето поаѓање за назад.

Мојата прошетка беше кратка, но слатка. Од една страна бев среќна поради фактот што возовите сè уште сообраќаат на дневни релации, но и разочарана поради фактот што ние луѓето сме дозволиле главната железничка станица во центарот на еден главен град да биде толку заборавена од времето.

moeto-sabotno-dozivuvanje-so-voz-do-veles-posle-25-godini-04.jpg

Јас се вратив безбедно дома, а вие што ќе си испланирате ваква екскурзија, бидете навреме на железничката станица бидејќи возот не чека никого.

Среќен пат! 

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. У. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Кога си го возам бебето во количка низ Скопје ми требаат „супер моќи“ Постојано се качувам и симнувам од тротоар поради паркирани автомобили, правам р...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg