Сиромашни за леб, но и за култура – сиромаштијата ни стана уметност на живеењето во Македонија

Сиромашни сме за леб, сиромашни за чист воздух, сиромашни за правда. Сиромашни сме во секој поглед. А најмногу сме сиромашни во духот, сиромашни за домашно воспитување и култура.

siromashni-za-leb-no-i-za-kultura-siromashtijata-ni-stana-umetnost-na-ziveenjeto-vo-makedonija-01.jpg

Сиромаштија нѐ јаде во секој поглед. Во автобусите што ни се распаѓаат како крнтии, во кои се тискаат стотици луѓе секојдневно за да стигнат до своите работни места, дома и обратно.

Сиромаштијата ни е вгнездена во порите, се чита издлабена во сечиј лик, остава трага во брчките, во седата коса и по здравјето на луѓето.

„Само здравје“. Ај да те видам биди здрав во ваква нездрава држава. Во сиромаштија.

Сиромаштија по продавниците, им се лутиме на пензионерите зошто го мерат секој денар и се акаат по половина километар затоа што брашното и зејтинот таму некаде во некое маалско продавниче биле 3 денари поевтини.

Ти преживувај со минималната пензија во оваа кланица, па ќе те видам како ќе го есапиш пазарот.

Биди здрав со ова црвјосано здравство. Одвај стоиш на нозе во август, ти закажуваат снимање во декември. Дотогаш помоли се во црквата да не те проголта црната земја.

Сиромаштија по дупкосани улици, сиромаштија по неспособни работници. Сиромаштија по џебовите, ама и во знаењето и способноста.

Сиромаштијата како црна чума се надвиснала над државата и не попушта додека народот грчевито ти се бори за здив.

Сиромаштија во образованието. За жал често се наоѓаат необразовани и неспособни кадри од кои очекувате да бидат идните градители на ова општество, а способните упорно си заминуваат. Тешко сите нас.

Нема пари за маратон, има за прослави. Нема пари за дечиња со посебни потреби, има за превоз и кафеани на службена сметка.

Нема пари за поправка на патишта, има за нови патарини. Нема пари за нови градинки, има за споменици. Нема пари зa нови амбулатни возила, има за нови службени автомобили.

Дојдовме до питачки стап, сиромаштијата ни е уметност на живеењето. Немало уметност во државата – па не може да биде понеточно!

Начинот на кој преживуваме ден за ден и ги крпиме месеците е вистинска уметност, предмет на анализа и дискусија за престижен странски универзитет.

Тоа го може само мојот народ, од ништо да направиш две.

Најхистерични во цела Европа, и истовремено, најголеми потрошувачи на средства за смирување. Каков парадокс. Ни дијазепам те смирува ни викањето те опушта. Само се полниш со горчина и тага додека не препукне срцето.

Со сиромаштија сме задоени, со сиромаштија ќе си умреме. А тажно е кога и надежта полека умира. Стануваме сиромашни и за надеж, а тоа е најстрашно.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
И ние бевме првачиња, па успеавме и без накитени торти, ранци и кутии за храна – потребен ли е овој ... Се приближува почетокот на новата учебна година, време кое за родителите на прва...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg