Зошто секогаш постои тој еден турист кој се жали од условите на турата?

Не, не е во ред да уплатите за скромна туристичка тура, а да очекувате хотел со 5 ѕвездички, па потоа гласно да се жалите, да се карате со туристичкиот водич, да ги мрачите другите, а да ги поттикнете на негативни коментари уште неколкуте скриени негативци во туристичката тура со вас... Нели е така?

zoshto-sekogash-postoi-toj-eden-turist-koj-se-zhali-od-uslovite-na-turata-01.jpg

Во ред е да си ги цените парите, во ред е да барате права и да не дозволувате никој да ве злоупотребува...

Но, не е во ред да уплатите за скромна туристичка тура, а да очекувате хотел со 5 ѕвездички.

Прво и основно, при патување, особено во аранжман од агенција и со многу сопатници, е да си ги прилагодите очекувањата на понудата, а не за „50 евра за 7 дена“ да очекувате претседателски апартман, масажа со топли камења и ладење со балдахин.

Бидете реални и не ги мрачете сопатниците со непотребни замерки и коментари.

Пред извесно време бев на една тура, каде за првпат во животот немаше „правдобарачи“. Сите беа задоволни од добиеното, па дури и да имаа некои ситни замерки не ги кажуваа на глас затоа што приоритет им беше добриот помин и убавата енергија, а не зошто пешкирот бил во розова, а не во бела боја.

А таквите правдобарачи? Ги има тон во поголемиот дел од турите.

Не само што се жалат, туку повлекуваат нога за и многу други да го сторат истото, неретко и без причина, па завладејува една токсична атмосфера, еден негативизам, една непотребна борба за права, која завршува со фрустрации и бес, наместо со убаво патување и прекрасни спомени.

Почнува првиот да се жали, па се охрабрува вториот, па ете го се јавил третиот и тоа е тој ефект на стадо. Дури и да немаат што да кажат ќе смислат нешто.

А за замерки? Па, нема многу потреба за креативност! Ако се концентирате на лошото, тогаш на сè и секого ќе пронајдете мана, никој и ништо не е совршено и тоа што барате да го видите, тоа и ќе го видите.

Веќе добро е позната филозофијата со тоа дека песимистите ја гледаат чашата половина празна, а оптимистите половина полна.

Утре, нема да ја паметите бојата на пешкирот од патувањето или подот што крцкал, ќе ги паметите луѓето кои сте ги запознале, местата кои сте ги виделе и емоциите кои сте ги доживеале. Зошто да си го расипувате одморот и себеси и на другите?

Фокусирајте се на уживањето, а не на барањето влакно во јајцето.

Стоп, за праводбарачите! Се разбира, кога барањата се неосновани и претерани.

Кога веќе одите на патување во куферот спакувајте си само позитивна енергија и насмевка и уживајте. Вие ќе си поминете убаво, а нема да им го расипете одморот ниту на тие околу вас.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg