Кога жената што ти дала живот повеќе не е тука, светот станува најосаменото место
Нема да има ниту еден дек кога нема да посакуваш да можеш да ѝ го слушнеш гласот или да ѝ побараш совет само уште еднаш. Нема да има момент кога нема да жалиш за секој миг кога си го избегнала нејзиниот повик или не си отишла да ја посетиш, само затоа што си била презафатена.
Ако си жена што ја загубила мајката.
Нема да има ниту еден ден кога нема да ти недостасува.
Нема да има ниту еден ден кога нема да посакуваш да можеш да ѝ го слушнеш гласот или да ѝ побараш совет само уште еднаш.
Нема да има миг кога нема да жалиш за секој намерно избегнат телефонски повик или затоа што не си отишла да ја посетиш, само затоа што си била презафатена.
Сега сфаќаш дека таа зафатеност била лажна, не била вистинска.
Само таа беше реална, но ја нема.
И ти си сама.
Чувството на напуштеност и на осаменост е огромно. Те боли иако си сакана и опкружена со сите други членови во семејството.
Никој од нив не може да ја замени.
Кога жената што ти дала живот повеќе не е тука, светот станува најосаменото место.
А ти треба да ја преземеш нејзината улога.
Од тебе се очекува да ги водиш другите, да ги дисциплинираш, да ги сакаш, да се справиш со сите предизвици, за сите.
И тоа е шок.
Но, ќе успееш.
Таа те научи сѐ што знаеш.
Таа те израсна во добра личност и ти помогна да станеш силна и ти даде доволно љубов за да ја споделиш со сите, дури и кога таа повеќе не е тука.
Затоа, не застанувај, продолжи.
Направи сѐ, за таа да биде горда со тебе.
Но, не заборавај, малото девојче сѐ уште живее во тебе и нему му недостасува мајка.
Биди љубезна со него.