Писмо до сите мајки: „Не е важно дали доцниш на работа, кога на твоето дете му треба прегратка и утеха“
По секој бран непријатни емоции, грижа на совест или грижи, сети се што во моментот ти е најважно во животот. Сети се која од твоите улоги е главна на која сакаш да го посветиш целото време и внимание? Мајка, домаќинка или работник...
Една мајка анонимно објавила писмо кое вирално се шири на социјалните мрежи, а во чија содржина се пронајдоа голем број жени.
Проследете го во целост...
„Заборави. Не е важно...
Ако веќе си во кревет и се сетиш на облеката заборавена во машината за перење, немој да се нервираш. Заборави. Не е важно.
Ако доцниш на работа затоа што на твоето дете му требала прегратка и утеха, немој да се грижиш. Заборави. Не е важно.
Ако не успееш да зготвиш ручек, заборавиш да купиш леб за вечера или да поминеш со правосмукалка во дневната соба пред да дојдат гости, немој да се нервираш. Заборави. Не е важно.
Ако некој ти замери затоа што нешто одбиваш да направиш, затоа што едноставно немаш време, немој да се грижиш. Заборави. Не е важно.
По секој бран непријатни емоции, грижа на совест или грижи, сети се што во моментот ти е најважно во животот.
Која од твоите улоги е главна на која сакаш да го посветиш целото време и внимание?
Не можеш да бидеш секаде 100 отсто.
Не можеш да имаш контрола над сѐ што се случува во твојот живот, тоа е сигурно.
Не можеш да им удоволиш на сите и да направиш сѐ што се бара од тебе.
Секојпат кога ќе одиш предалеку во секојдневниот живот, застани и размисли кај кого или каде го наоѓаш мирот, насмевката, со кого здивнуваш?
Сети се на она што не сакаш да го заборавиш затоа што е најважно, а сѐ друго...
Заборави. Не е важно...“
Непознат автор / преземено од Фејсбук