„Тато не може да дои, но е ангел чувар кој бдее над своето дете и мајката“

„Тато не може да дои, но тука е за да ѝ помогне на исцрпената мајка, па и да ја нахрани тогаш кога од замор самата не може ниту да ја крене лажицата. Добриот татко е „тато“ – оној што со целото срце ја сака својата сопруга и своите деца – Тагнете ги во коментар вашите татковци за да знаат дека мислите на нив.

tato-e-toj-shto-so-celo-srce-gi-saka-soprugata-i-deca-i-dava-s-od-sebe-za-sopstvenoto-semejstvo-01.jpg

Што значи да се биде добар татко? На социјалните мрежи се појави едно писмо од непознат автор во кое на емотивен начин е опишано која е улогата на татковците како столб на семејството.

Прочитајте го емотивното писмо:

„Тато не раѓа деца, но тука е за да се грижи за нив додека се сѐ уште во утробата на мајката.

Тато не ги чувствува породилните болки, но тој е до мајката, се грижи да ѝ го даде тоа што ѝ е потребно, ја држи за рака за да ја охрабри додека ѝ е тешко и не е наспана.

Тато е тука за да бдее над мајката и детето во утробата како добар ангел чувар, што се грижи за животот и сигурноста на своето семејство.

Тато е тука за да го избања, преоблече и за да го нахрани детето.

Кога е потребно ќе промени и пелена и ќе се обиде да го смири детето да не плаче.

Тато не може да дои, но тука е за да ѝ помогне на исцрпената мајка, па и да ја нахрани тогаш кога од замор самата не може ниту да ја крене лажицата.

Тато не се срами да ги прегрне мајката и детето и да ги покаже сопствените чувства. Секогаш наоѓа време за игра и читање приказни за добра ноќ.

Токму тато е тука за на детето да му го покаже светот исполнет со авантура и на занимлив начин да му објасни многу работи што малиот човек не може да ги разбере.

Тато работи подеднакво важна и вредна работа како и мајката. Секој ден дава сѐ од себеси за неговото сакано семејство да живее на најдобриот можен начин.

Добриот татко е тато – оној што со целото срце ја сака својата сопруга и своите деца.“

Б. С. Б. | Црнобело/ Извор

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg