Писмо до моето прво дете: „Преку ноќ стана голема девојка, но за мене секогаш ќе бидеш моето бебе“

„Колку и да пораснеш знам дека никогаш, ама никогаш нема да бидеш премногу голема за да бидеш мое бебе“ – мајка упати емотивно писмо до своето првородено дете во кое голем мајки ќе се пронајдат. Веруваме дека на многу од вас им се познати овие емоции.

pismo-do-moeto-prvenche-preku-nokj-stana-golema-devojka-no-za-mene-sekogash-kje-bidesh-moeto-bebe-01.jpg

Со доаѓањето на новото дете, кај мајките секогаш постои страв како тоа ќе се одрази врз чувствата на нивните први деца. Една мајка сподели емотивно писмо до своето прво дете, што ќе ве насолзи и многу мајки ќе се пронајдат во него.

Проследете го во целост:

Ти беше нашето прво дете.

Нашето единче.

А потоа преку ноќ, веќе не беше единче.
Преку ноќ стана голема. Многу голема!

Бев збунета.
Затоа што сите ми велеа, а јас не им верував.
Ми рекоа дека наеднаш ќе станеш огромна.
Дека можеби чудно ќе те држам, заборавајќи дека твојот врат веќе може да го држи твоето паметно главче.

Дека ќе бидам изненадена што сѐ можеш и знаеш да направиш.

Но, заборавија да ми кажат... Заборавија за ми кажат дека ти секогаш ќе бидеш мое бебе.
Да, иако изгледаш толку големо, но всушност ти и понатаму си многу малечка.

Заборавија да ми кажат дека, иако во еден луд ден одеднаш ќе станеш многу повозрасна, сепак не си сосема подготвена на сѐ што се очекува од тебе.

Не ми рекоа дека другото бебе нема да направи помалку да ти требам.

Дека сега ќе ме бараш уште повеќе.

А јас ќе бидам тука. Ќе те држам до срцето, ќе го помнам секој миг. Ќе ги бакнувам твоите нежни образи и ќе му бидам благодарна на Бог, на судбината, на небесата, на сите – што те имам.

Баш тебе, ти ќе бидеш засекогаш – мое прво дете.
Знам дека никогаш, ама никогаш нема да бидеш премногу голема за да бидеш мое бебе.

Извор

Би можело да ве интересира:

Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg