Фала тато што ме научи дека во животот не е најважно материјалното

fala-tato-shto-me-nauchi-deka-vo-zhivotot-ne-e-najvazhno-materijalnoto-01.jpg

Фала тато што ме научи:

Дека во животот не е најважно материјалното,

Дека ќе ни останат спомените од дружбите, смеата и патувањата, а не од тоа какви чевли сме носеле,

Дека животот ќе ти биде убав само ако си оптимист и ги прифаќаш работите со насмевка, дури и трагедиите,

Дека секогаш треба да гледаш позитивно, затоа што животот е еден и нема смисла да го потрошиш на очајување и мисли „што би било кога би било“,

Дека е нормално некогаш да ги губиме луѓето кои ги сакаме и дека треба да се справиме со тоа и да продолжиме понатаму,

Дека без пријатели животот не е живот,

Дека изборот на брачен партнер е клучен за дали ќе бидеш среќен,

Дека треба да го работиш тоа што го сакаш, дури некогаш и да не си платен колку што сакаш,

Дека кога работата ти е задоволство – тогаш животот ти е многу полесен,

Дека ако од некаде ти се враќаат нозете, навистина треба да се вратиш назад и да пронајдеш нов пат,

fala-tato-shto-me-nauchi-deka-vo-zhivotot-ne-e-najvazhno-materijalnoto-02.jpg

Дека муабет треба да си направиш со секого и секое познанство само те прави побогат,

Дека секое искуство е бесценето, дури и она негативното,

Дека во животот треба да имаш манири, секој сака да мине време со културни луѓе,

Дека треба да патуваш, колку можеш и каде можеш, но треба да патуваш,

Дека поважна е дестинацијата каде одиш и што ќе видиш таму, отколку хотелот да биде со 5 ѕвезди,

Дека пријателствата од дете имаат посебна магија,

Дека целта на секој ден треба да ти биде да си среќен,

Дека нема потреба да се преоптоваруваш со ситници и банални работи,

Дека треба да си силен карактер за да живееш среќен живот,

Дека моќната психа е основата на сè,

Дека ако сам не се направиш среќен човек, никој нема да може да успее во тоа.

Дека на среќниот човек секаде му е убаво, а на несреќниот никаде - тој времето си го троши само барајќи мани,

И дека родителите се клучни за тоа во каков човек ќе израснеш.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Не можете да исплашите жена која научила да се бори сама Кога жената ќе научи да се бори сама, не зборуваме за физичка сила, туку за мент...
„Држи мe цврсто за рака“: Приказна за љубовта меѓу ќерката и таткото „Ако јас те држам за раката и нешто ми се случи, големи се шансите да ти ја пушт...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Јавете им се на родителите, одете кај баба ви и дедо ви – не знаете колку време ви останува со нив Не можам да ви кажам што ќе ви донесе утрешниот ден, но можам да ви го кажам сле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg